„Со помош на Саманта Фокс намамував момчиња за секс“

Британскиот ди-џеј Џонатан Кинг тврди дека со помош на неговата тогашна девојка, моделот и пејачката Саманта Фокс ги намамувал момчињата во својот стан, со кои потоа имал секс.

Поранешниот ди-цеј Џонатан Кинг, кој денеска има 73 години, изјави дека со помош на Саманта ги намамувал момчињата во својот ролс ројс, а потоа ги возел во станот каде имал секс со нин, пишува „Дејли меил“.

Овие настани се случувале во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, а Кинг наводно ја искористил својата позиција во продуцентската индустрија за да изврши сексуални напади на единаесет тинејџери кои тогаш имале околу 14 години.

Некогашната поп ѕвезда и продуцент, намамувал млади деца во својот луксузен автомобил и ги носел во својот дом, каде им давал алкохол.

Џонатан пред поротата изјавил дека со помош на моделот и пејачката Саманта Фокс, со која тогаш бил во врска, носел тинејџери, но негира дека имал сексуални односи со малолетни лица и дека никого не го присилил на сексуални односи.

Ди-џеј, на кој му се суди во централен Лондон во кралскиот суд во Саутварк ги негира 24-те обвиненија за сексуални напади врз деца на возраст од 14 и 16 години, кои наводно се случиле во периодот меѓу 1970 и 1988 година.

„Кога биле под влијание на неговата моќ и не биле во позиција да одбијат, тој ги напаѓал. Изгледа дека тоа било игра на манипулација и моќ на тинејџери на возраст од 13 до 16 години. Џонатан исто така им давал подароци, вклучувајќи албуми и карти за концерти, им покажувал порнографија и им давал лажни ветувања во вид на секс со тинејџерки“ – изјавила обвинителката Розина Котаџ.

,,Не седи до мене , ти одвратна црна краво” , расистички скандал во авион, екипажот молчи(ВИДЕО)

Тежок расистички инцидент се случи во авион на нискобуџетниот Рајанер, кој е на удар зашто неговиот екипаж не реагирал на испадот на еден од патниците.

Маж навредува и малтретира постара жена на околу 70 години , додека екипажот на Рајанер не реагира. Инцидентот се случил завчера на лет од Барселона кон лондонскиот Станстед, а снимките се споделени на социјалните мрежи , каде предизвикаа гневни реакции.

Многумина се заканија  дека ќе ја бојкотираат авио компанијата. На снимката прегледана околу 2 милиони пати се гледа како маж и се заканува на постара жена и и наредува да се префрли на друго седиште. Кога му се обратила , тој и одговара:

,, Не разговарај со мене на странски јазик , ти одвратна црна краво!” На снимката се слуша и како другите патници бараат од екипажот да го исфрли безобразниот маж , но нема реакција.

Жената објаснила дека сакала да седне до својата ќерка , кога мажот почнал да ја навредува на расна основа. Ќерката подоцна објаснила дека мајка и на 77 годишна возраст страда од артритис и не можела довојно бргу да се тргне , за да се смести мажот. Таа ја однела мајка си на патување за да ја одбележат годишнината од смртта на татко си.

По жестоките реакции на социјалните мрежи , компанијата Рајанер се извини за инцидентот и најави дека во иднина ќе ги симнува од авион ваквите агресивни патници.

Ирски волонтер заврши во 18- месечен грчки притвор

Волонтер од Ирска , 24 – годишниот Шон Биндер со уште двајца активисти е во 18 месечен притвир во Грција , поради помагање на мигранти.

24- годишниот Ирец , чија мајка веќе неколку месеци патува на релација Даблин- Атина , во обид да го извлече синот , кој од август е притворен на грчкиот остров Хиџ. За него има само кривична пријава , а веќе неколку месеци е во притвор заедно со Сара Мардини и Насос Каракитсос , под сомнение дека криумчареле мигранти.

,, Има толку лоши луѓе на слобода , а овие деца , кои ништо не направиле , се во затвор. Тоа не е фер.” , вели мајката на Шон за американските медиуми.

Тие се волонтери на организацијата Emergency Response Centre International (ERCI) и се во притвор додека трае истрагата.

Ова е само еден од случаите на справување со напливот на мигранти и нивно криумчарење што ги спроведува Грција и Италија за да се намали притисокот на бегалци од Африка и Азија.

Путин го провозе египетскиот претседател во новиот ,,ѕвер” (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин се најде во улога на личен возач на египетскиот претседател Абдел фатах ел Сиси.

Невообичаениот настан се случи во руското одморалиште Сочи , на Црното Море, каде Путин го пречека својот египетски гостин. Тој му се пофали со новата лимузина и го провоза ,,едно кругче” по тркачката патека на Автодромот.

Лимузината на Путин ,,Сенат” , од рускиот производител Аурус е вистински ,,ѕвер”. Има 4.4 литарски V8 хибриден погон , со што неколкутонскиот автомобил постигнува брзина од 0-100 Км/час за само 6 секунди.

притисни ентер