Шилегов на одбележувањето на Светскиот ден на крводарителството

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска го посети Дневниот центар за дарување крв во ДХО „Даре Џамбаз“ каде Црвениот крст на Град Скопје организира крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарителството - 14 Јуни.

- Доброволното дарување крв претставува исклучително благородно и хумано дело. За овие пет години од работењето на Дневниот центар за дарување крв, речиси 10.000 лица даруваа крв. Дневниот центар им нуди можност на граѓаните во секое време да даруваат крв, а на тој начин се зголемуваат резервите на крв и можностите за спасување животи. Правилната едукација е важен фактор за мотивација на секој иден крводарител, како и дополнителен поттик за повеќекратните крводарители. Токму преку овој центар се мотивираат нашите помлади сограѓани со цел нивно активно вклучување како редовни крводарители, рече градоначалникот Шилегов.

Дневниот центар за дарување крв во ДХО „Даре Џамбаз“ го опслужуваат мобилни екипи од Институтот за трансфузиона медицина и волонтери на Црвениот крст на Град Скопје.

- Секоја година, по повод 26 Јули и 13 Ноември Црвениот крст организира традиционални крводарителски акции. Таа традиција ќе ја помогнеме. Нашата идеја е да помогнеме на што е можно повеќе луѓе. Велат, ако спасиш еден човек, си го спасил целиот свет. Токму затоа ви благодарам на вашата посветена работа, спасувајте го светот секој ден, порача Шилегов.

Дневниот центар за дарување крв одбележува пет години од своето работење, период во кој се собрани вкупно 9.369 единици крв од самоиницијативни дарувања, како и од дарувања во акции реализирани во неговите простории.

Како дел од денешното одбележување на Светскиот ден на крводарителството беа доделени благодарници и плакети на организации и институции за нивниот придонес за промоција и унапредување на крводарителството во Скопје. /МИА

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

притисни ентер