Секси соновник: Дознајте што значат вашите еротски сништа

Еве неколку типични секс соништа и кое е нивното значење:

Барање место за секс

Ако сонувате дека со вашиот партнер барате место за секс, тоа значи дека ви недостасува интимност или дека во вашиот сексуален живот постои монотонија. Ако при вашето трагање чувствувате мачнина, тоа значи дека сте загрижени за иднината на врската.

Секс со непозната личност

Ако сонувате дека имате секс со непозната личност, тоа значи дека во животот ви недостасува возбуда. Вашиот ум ви препорачува да се релаксирате и да бидете спонтани.

Секс со забранета личност

Овие соништа најчесто предизвикуваат голема непријатност кога ќе се разбудите, но овие соништа не ви покажуваат дека и во реалноста посакувате да имате секс со таа личност, туку едноставно дека таа личност ве заинтригирала.

Или дека љубовниот живот моментално ви е досаден, па посакувате да воведете нешто возбудливо.

Секс со бившиот/ата

Овие соништа се прилично чести и се резултат на потсвесното споредување на сегашната врска со претходната. Ако сте сингл, тоа значи дека имате некои неразрешени работи со бившиот партнер.

Секс на јавно место

Овој сон има двојно значење. Првото значење е дека потребно ви е пријателите или некој близок од семејството да го одобри вашиот партнер. Второто значење е дека потајно посакувате и вие да имате некој од квалитетите и способностите на партнерот.

Тројка

Соништата во кои имате секс во тројка најчесто означуваат дека самодовербата ви е намалена и дека нешто ви недостасува во емотивниот живот.

Хомосексуален секс

Соништата за секс со некоја личност од истиот пол воопшто не се ретки. Ако сте жена, тоа значи дека вам ви е потребно повеќе нежност во животот. Ако сте маж, тоа значи дека потребна ви е акција.

Ако сонувате дека изневерувате или ве изневеруваат

Овие соништа ги прикажуваат вашите стравувања дека партнерот ќе ги изгуби емоциите кон вас.

Секс со позната личност

Сонот каде вие имате секс со некоја славна личност најчесто значи, дека во вашиот партнер ги барате идеалните карактеристики кои ги има таа славна личност. Покрај тоа, може да значи дека потајно посакувате луѓето повеќе да ве ценат.

Ако не гледате како изгледа партнерот

Ако лицето на партнерот со кој имате сексуален однос во сонот не се гледа или е матно, тоа значи дека сакате вашите таленти да бидат препознаени и да го покажете својот потенцијал.

Во Собранието закажани седници на три комисии

 Во Собранието денеска се закажани седници на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија. 

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог- законот за помилување, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт треба да ги разгледаат Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Предлог-законот за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, во второ читање.

Законите кои се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Комисијата за образование, наука и спорт треба да бидат разгледани и на Законодавно-правната комисија.

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година, наведуваат од АМСМ.

Делови од Сарај, Чаир и Аеродром без струја

 Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од жителите на влезот на селото Крушопек, а од 10 до 15 часот дел од корисниците од улица „4“ во Сарај.

Во временскиот период од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Македонско-косовска бригада“, „Никола Малешевски“ и дел од „Џон Кенеди“ бр.27 во општина Чаир.

Без струја денеска од 9 до 15 часот ќе бидат и дел од жителите од улиците „2“ и „10“ во Долно Лисиче, општина Аеродром.

Како што соопшти РЦУК - Скопје, прекините се поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа.

притисни ентер