Јавна кампања за заштита на шумите од пожари

Под мотото „Да ги заштитиме шумите од пожари”, ЈП Македонски шуми и Противпожарниот сојуз на Македонија денеска ја започнуваат кампањата за превентивно делување пред претстоечката летна сезона за заштита на шумите од шумски пожари.

Цел на оваа јавна кампања, според организаторите, е подигање на јавната свест кај граѓаните за значењето на шумите во еколошкиот систем и нивна заштита од шумски пожари.

На настанот ќе присуствуваат претставници на ЈП Македонски шуми, помошник директорот на Секторот за заштита на шумите, Николчо Киров и раководителот на ПШС Караџица, Саша Јовановиќ, како и претставници на ППСМ и претстедателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, проф-др Никола Николов од Шумарскиот факултет –Скопје и претставници на Противпожарниот сојуз на град Скопје..

Покрај непосредната средба со граѓаните и директен контакт со нив за значењето на зачувување на еко-системот во природата, ќе бидат делени рекламни материјали со пригодна содржина./МИА

Градоначалникот на Љубљана во посета на Скопје

Премиерот Зоран Заев и скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска се сретнаа со градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, кој од вчера е во посета на Скопје.

- На средбата е изразена поддршка на Македонија во нејзините аспирации за евроатлантска интеграција, како најдобра гаранција за мирот и економскиот просперитет на земјата и регионот, соопшти владината прес-служба. 

На средбата, стои во соопштението, Јанковиќ на премиерот Заев му честитал за договорот со Грција за решавање на долгогодишниот спор и стратешко партнерство, посакувајќи му успешен референдум во интерес на граѓаните на Македонија и нивниот просперитет, истакнувајќи ги како придобивки од членството во Европската унија и НАТО. 

Јанковиќ, на кого ова му е трет мандат како градоначалник изразил подготвеност и поддршка за споделување на позитивните искуства во иницијативите и проектите за развој на инфраструктурата, како и унапредување на соработката во трговската размена, туризмот и претставување на културните вредности. 

- Премиерот Заев, го истакна задоволството од долгогодишното пријателство кое Македонија и Словенија ги поврзува, повторувајќи дека концептот на едно општество за сите и регионална соработка со сите соседни земји е единствена алтернатива за нашата татковина и претставува гаранција за успешни економски реформи и развој во интерес на сите граѓани, соопштуваат од македонската Влада. 

Како што информираа од Кабинетот на градоначалникот на Скопје, Шилегов и Јанковиќ разговарале за досегашната и идна соработка на двата града кои се збратимени во 2007 година. Продлабочувањето на соработката ќе се однесува пред се во сферите на урбаниот развој на градовите, управувањето со отпад, користењето на ЕУ фондовите, соработката на повеќе европски проекти, како и на соработката на советите на двата града.

Шилегов го запознал Јанковиќ за поголемите капитални проекти кои град Скопје планира да ги реализира во наредниов период, како што се изградбата на подземниот тунел под Кале и модернизацијата на возниот парк на јавниот превоз во Скопје со еколошки возила.

Шилегов и Јанковиќ заедно се прошетаа низ Старата чаршија, една од најпознатите знаменитости на градот Скопје. /МИА

Се бара и бенифициран стаж и за градежните работници

Покрај доуредување на бенефицираниот стаж за рударите,  бенефиции да добијат и градежните работници од потешките струки во градежништвото, побараа од независниот синдикат на градежни работници.

Ја поздравија владината одлука за бенефициран стаж за рударските работници и апелираа, таа што поскоро да стапи на сила.

Уапсен помошникот на Макрон кој тепаше демонстрант

Помошникот на францускиот претседател, Емануел Макрон, задолжен за безбедност, кој тепаше демонстрант, е уапсен и се наоѓа на испитување.

Според неименуван судски претставник, александар бенала го испитуваат по точки на потенцијално обвинение.

Меѓу точките на обвинение се насилство предизвикано во група од страна на лице кое е ангажирано во јавна служба.

Макрон вчера беше критикуван зошто го задржал Бенала на работа, кој добил само казна – суспензија на две недели.

Опозициските лидери и дел од јавноста го критикуваа макрон бидејќи сметаат дека казната за вакво однесување е преблага, откако на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка од протестот на кој се гледа како бенала влече една жена, а потоа тепа млад демонстрант на земјата.

притисни ентер