Федерер со твит го честиташе бодот на Швајцарците

Најдобриот тенисер на светот, Швајцарецот  Роџер Федерер им го честиташе на фудбалерите од националниот тим нерешен резултат против Бразил на Светското фудбалско првенство 2018.

Швајцарија синоќа одигра 1:1 против големиот фаворит и го освои првиот бод на Мундијалот.

-Пристигнав дома на време да го гледам натпреварот Швајцарија – Бразил. Одличен резултат за швајцарски тим. Успех на Бразил на останатите натпревари од турнирот, напиша Федерер на Твитер. 

Откриен кратер широк 31 километар под мразот на Гренланд

Голем кратер , широк 31 километар откриен е под 0,8 километри дебелиот лед на Гренланд.

Кратерот изгледа како да се формирал со пад на железен метеор , кој се забил со брзина од 19 километри во секунда . Според првите проценки до ударот дошло пред околу 12 000 години.

Ударот на вселенскиот камен произвел енергија поголема отколку од 47 нуклеарни бомби , фрлени 1945 врз Хирошима.

При тоа се стопиле големи количества мраз , слатката вода протекла во океаните , а парчињата мраз биле однесени во атмосферата.

,, Би морале да истражувате 40 милиони години наназад за да најдете кратер со иста големина , затоа ова е реткост во историјата на Земјата. “ , изјави професорот Курт Краер од Природнонаучниот музеј во Копенхаген.

Португалка родила бебе и две години го криела по багажници и подруми

Во Франција почна судењето на жена од Португалија , која родила бебе и две години го чувала изолирано од светот.

Нејзиниот партнер , како и сестра и изјавиле дека немале поим дека таа има бебе покрај трите други деца. Роса Мариа Да Круз и нејзиниот партнер се Португалци , кои живеат во централна Франција . Жената го криела ќеркичето  во нечист  багажник или во темен подрум, поради што судот ја обвинува дека бебето може да има последици по развојот.  

Роса Мариа има 50 години , а во 2013 ќеркичката Серена  била најдена во нечист багажник на стар автомобил. Бебето го нашол автомеханичарот , кому жената му го дала автомобилот на поправка. Бебето било голо , нечисто и дехидрирано , опкружено со црви и измет.

Според исакзите на членовите на нејзиното семејство , се чини дека жената била одлична мајка на другите три деца. Тие се навозраст од 9 , 14 и 15 години , но властите им забрануиле да имаат каков било контакт со Серена , запуштеното девојче , кое сега има седум години и живее со старатели.

Девојчето , како последица од лошите услови како бебе , сега има ментални проблеми , како и аутизам , за што докторите сметаат дека настанал како резултат на лишување од чувствата во раните месеци од животот.  

притисни ентер