„За моите ќерки“ - нова серија на Канал 5

Од среда 20.06.2018 во 21 часот, започнува нова првокласна серија -  „За моите ќерки“!

Јашар е тотално безвреден во очите на својата сопруга. Откако го изгубил наследството од татко му, таа кон него се однесува со гнев и презир. Сите негови обиди да биде добар сопруг и татко, завршуваат со нејзиното непочитување, омаловажување, и најтешки навреди.

Што оти кутриот Јашар работи на дури две работни места. Прва смена во автоперална, втора смена во меана, и пак заработката не е доволна за потребите на семејството. Кавгите дома се пеколно секојдневние кое веќе со години ги трауматизира децата.

Најстарата ќерка Селва е мажена и навидум поштедена од семејниот немир. Но тежок е и нејзиниот живот покрај лошата свекрва.

Кумру е втората ќерка на Јашар и Ајтен. Нежна, чувствителна и полна со љубов и трпение. Студира медицина и ги одбројува последните денови до дипломирањето, кога ќе почне да заработува пари за да му го олесни товарот на татка си.

Сумру исто така студира, но таа е сосема друг карактер. За неа издувен вентил од секојдневните проблеми се забавата и шопингот, кои се луксуз за семејството.

Суна е се'уште гимназијалка. Задлабочена во книгите и учењето, таа сака да биде како својата сестра Кумру.

Најмладата Хума е најпогодена од семејниот немир и постојаните кавги. Затоа сите сестри кон неа се однесуваат топло и мајчински, зашто Хума навистина не добива мајчинска љубов.

Небаре збудалена, нивната мајка Ајтен ќе биде причината за името на семејството да се извалка со крв, Јашар да заврши во затвор, а неговите ќерки да испишат трагични страници од животот во кој тој засекогаш ќе биде нивна сенка.

Од среда 20.06 во 21 часот, започнува „За моите ќерки“. Не пропуштајте го почетокот на оваа исклучителна драма.

САД ќе ја повлечат својата војска од Нигер

Повеќе од 1.000 американски војници ќе го напуштат Нигер во наредните месеци, објави Њујорк Тајмс.

Американски извори потврдиле дека веќе е постигнат договор за тоа меѓу заменик државниот секретар на САД Курт Кемпбел и раководството на Нигер, пренесува БТА.

Американската војска во Нигер е стационирана во две бази, вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала позната како авиоабаза 201, изградена во близина на Агадез во централниот дел на Нигер.

Од 2018 година, базата се користи против милитантите од Исламската држава и Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин, исламистичка организација поврзана со Ал Каеда, во регионот Сахел.

Армијата на Нигер ја презеде власта со државен удар минатата година. Пред пучот, Нигер беше клучен безбедносен партнер на САД и Франција. Но, новите власти во Нигер им се придружија на хунтите во соседните Мали и Буркина Фасо и ги прекинаа воените договори со своите некогашни западни сојузници како Вашингтон и Париз, напуштајќи го регионалниот политички и економски блок ECOWAS. Тие, исто така, започнаа поблиски врски со Русија.

Во наредните денови треба да се разговара за тоа како ќе се одвива повлекување на американските војници војници од Нигер. /МИА

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

притисни ентер