Изложба на Владимир Темков во НЛБ Галерија

 Во пресрет на утрешното официјално отворање на „Скопско лето“, вечер од 20.30 часот во НЛБ Галерија  отворена изложбата „Потрага по смислата на ликовноста во сооучувањето со убавината на природата“ од Владимир Темков.

Во пресрет на утрешното официјално отворање на „Скопско лето“, вечер од 20.30 часот во НЛБ Галерија како преднастан на овој фестивал ќе биде отворена изложбата „Потрага по смислата на ликовноста во сооучувањето со убавината на природата“ од Владимир Темков.

- Творештвото на Темков е интуитивно под впечаток на неговите внатрешни експресии кои се настанати при неговото соочување со убавините на природата, на пример со светот на птиците кои често се забележуваат на неговите слики. Преку нивното најразновидно претставување тие се еден вид медиум за изразување на неговата внатрешна емоционална и естетска експресија побудена од светот на птиците и од вечната човекова желба и копнеж за летање, наведува организаторот во највата на изложбата.

Владимир Темков (Кавадарци, 1959) дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, каде што ги завршил и магистрските студии на отсекот сликарство. Првата самостојна изложба ја имал во 1983 година во Музеј галерија во родниот град Кавадарци, а досега имал 40-ина самостојни претставувања во Македонија, Бугарија и Хрватска.

Адвокати: Трамп не може да плати гаранција од 464 милиони долари

Трамп не може да плати гаранција од 464 милиони долари во случајот за граѓанска измама во Њујорк.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп не може да најде осигурителна компанија која ќе ги гарантира 464 милиони долари што судот му наложи да ги плати во случајот за граѓанска измама во Њујорк, соопштија неговите адвокати.

Адвокатите на Доналд Трамп велат дека обезбедувањето кауција од таа големина е „практично невозможно“.

Трамп е прогласен за одговорен за погрешно прикажување на нето сумата на пари што ја поседува во случајот за финансиска измама што ја покрена њујоршката обвинителка Летиша Џејмс.

Обвинителката Џејмс најави дека е подготвена да започне процес на запленување на имотот на Доналд Трамп доколку тој не може да ја плати сумата утврдена со пресудата.

„Ако нема средства да плати, ќе бараме механизми за извршување на пресудата на суд и ќе побараме од судијата да му го заплени имотот“, рече Џејмс во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

Трамп, републикански кандидат на претседателските избори во САД во ноември, има намера да поднесе жалба на пресудата на њујоршкиот граѓански суд усвоена во февруари, со што автоматски ќе се запре извршувањето на одлуката на судот.

За да поднесе жалба, тој прво мора да уплати пари на сметка на апелациониот суд или гаранција за целиот износ, но, според адвокатите, 30 осигурителни компании ги одбиле неговите барања да му помогнат.

Адвокатите на Трамп побараа од апелациониот суд да го одложи издавањето гаранција додека не заврши неговата жалба на случајот, тврдејќи дека вредноста на имотот на Трамп далеку ја надминува пресудата.

Судијата Артур Енгорон минатиот месец пресуди дека Трамп и неговата компанија незаконски ја преувеличувале вредноста на нивното богатство и манипулирале со вредноста на имотот за да добијат поволни заеми од банките и поволни услови од осигурителните компании. Тој нареди Трамп да и плати на државата Њујорк 355 милиони долари, со камата, 464 милиони долари.

Енгорон, исто така, им нареди на синовите на Трамп, Доналд Трамп Јуниор и Ерик, да платат по речиси 4,7 милиони долари.

На поранешниот финансиски директор на организацијата Трамп, Ален Вајзелберг, му беше наложено да плати 1,1 милион долари.

Енгорон, исто така, издаде тригодишна забрана за Трамп да раководи со која било њујоршка компанија или да бара кредит од банки регистрирани во државата Њујорк, додека на неговите два сина им беше забрането да заземаат лидерски позиции во фирми на две години.

Судијата рече дека „целосното отсуство на каење кај обвинетите се граничи со патологија“.

Трамп минатиот месец плати кауција од речиси 92 милиони долари во тужба за клевета, додека ја обжали пресудата во тужбата поднесена од њујоршката писателка Е. Џин Керол, која го тужеше за сексуален напад и клевета.

Приведени три лица, претрес во Скопје, пронајдена дрога

Двајцата биле лишени од слобода. Претходно, од слобода бил лишен и З.Д.(50) од Скопје, кој во текот на денот бил во домот на Г.П. и користел хероин. 

По преземени мерки и добиени сознанија дека подолг период врши продажба на дрога на зависници во Скопје, вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција, во координација Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица Тигар, со судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на Г.П.(45) од Скопје.

Како што денеска соопштија од МВР, при претресот биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага, повеќе предмети со остатоци од хероин и повеќе други вредни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. При претресот во домот на Г.П. бил затекнат и Д.Ж.(46) од Скопје.

- Двајцата биле лишени од слобода. Претходно, од слобода бил лишен и З.Д.(50) од Скопје, кој во текот на денот бил во домот на Г.П. и користел хероин. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави, се наведува во соопштението од МВР.

Радукану се повлече од турнирот во Мајами

Британската тенисерка Ема Радукану се повлече од ВТА турнирот во Мајами (САД), објави „Sky Sports“.

Тенисерката ќе го пропушти турнирот поради повреда на грбот. Неа во главната ждрепка ќе ја замени Ана-Каролина Шмидлова.

Радукану во првото коло на турнирот во Мајами требаше да игра против Ксиу Ванг од Кина.

На последниот турнир во Индијан Велс (САД), Радукану стигна до третото коло, во кое загуби од Арина Сабаленка од Белорусија (3:6, 5:7). /МИА

притисни ентер