Фото: Во осмата деценија од животот „таа е богиња на плажата“

Актерката Кејт Хадсон на Инстаграм објави фотографии од својата 72- годишна мајка славната Голди Хоун во костим за капење.

Под фотографиите таа напиша дека нејзината мајка е богиња бо што се сложија многу нејзини фанови.

Легендарната холивудска актерка навистина изгледа одлично и во осмата деценија од животот, а коментарите напишани под фотографиите направени на одморот во Грција се полни со убави зборови и воодушевување.

„Те обожувам“, „Неверојатна“, Таа е жена кралица“, „Голди изгледаш совршено“, се само некој од коментарите, напишани од фановите.

Политички профил на кандидатот за претседател Билјана Ванковска

Канал 5 како до сега, така и денеска ќе емитува профил на претседателските кандидати, овој пат на кандидатот на Левица, Билјана Ванковска.

Во видеото погледнете кратко парче, а целиот профил во вестите во 18 часот

Колку празниците и неработните денови ќе влијаат врз излезноста на изборите?

Колку неработните денови, пролетниот распуст на учениците и празниците ќе влијаат врз излезноста на изборите? 

Дел од туристичките агенции велат дека има зголемен интерес за аранжмани, особено за патувања надвор од државата, околу велигденските и првомајските празници.

Први Мај се паѓа во среда и е неработен за сите граѓани, а 3 мај, Велики петок е неработен за граѓните од православна вероисповед. За првпат годинава, учениците ќе имаат пролетен распуст од 29 април (понеделник) до 6 мај (недела). 6ти мај е втор ден Велигден и е ненеработен ден. На 24 април и 8 мај ќе се одржат претседателските и парламентарните избори, а со одлука на Владата од 16 април, тие денови ќе бидат неработни за сите граѓани. Трудовата инспекција не може да казнува или затвора објекти. Овие два неработни денови не се утврдени со Законот за празници туку со владина одлука, па оттука инспекторите не можат да постапуваат.. во меѓувреме, и од министерството за образование и наука соопштија дека на 23 април и 7 мај, односно ден пред гласањето, учениците ќе имаат скратени часови, во оние училишта каде ќе се одвива изборниот процес.

- „23 април и 7 мај, односно деновите пред гласањето ќе бидат работни за сите училишта. При тоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7 до 11 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови. Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред“, велат од министерството.

Претседателските кандидати продолжуваат со средби со граѓаните и со митинзи

Претседателските кандидати продолжуваат со средби со граѓаните и со митинзи во повеќе населени места.

Продолжува и кампањата за претседателските избори... Претседателските кандидати и денеска рстрчани на средби со граѓани и митинзи во повеќе населени места. еве што порачаа дел од нив...

притисни ентер