Почнува летото, најавено посвежо време

Во Македонија и на северната хемисфера денеска почнува летото, а истовремено на јужната хемисфера настапува зимата.

Во Македонија летото ќе почне во 12 часот и 7 минути. Овој 172 ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути.

Според прогнозата од синоптичарите,првиот летен ден ќе биде сончев со мала до умерена облачност. Во западните делови значително облачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 14 до 19, а дневната од 21 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Локална нестабилност ќе има до петок во попладневните часови кога ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе услови значително намалување на температурите во наредните денови. За време на викендот ќе има локален дожд, но без грмежи, а од понеделник се очекува пооблачно време со пообилни врнежи од дожд.

Летото ќе заврши на 22 септември кога ќе почне есента.

Пациент со благодарност до Венко Филипче

Д-р Филипче го спаси животот на татко ми, пишува на Фејсбук Наташа Николовска.

„Не знам како да ја искажам својата голема благодарност кон доктор Флипче кој го спаси животот на татко ми Томе Николовски (71).

Татко ми цел живот работеше тешки работи во Швајцарија а потоа и во САД високо на скелињата симнувајќи азбест за да обезбеди пари за фамилијата. И кога мислеше дека е време да одмори во Скопје во фебруари минатата година му констатираа проблеми со срцето кои мораа да бидат отстранети со операција. Но хирургот не сакаше да прифати да прави операција пред да провери дали неговиот мозок може да ја издржи. Ни сугерираше да го прегледа Др Филипче.

Мислевме дека е невозможно да се дојде до него и дека тоа ќе не чини многу пари како што навикнавме по белиот свет. Го најдовме бројот на неговиот мобилен и истиот ден по пораката што му ја пративме ни закажа преглед.

Прв пат во животот го видовме. Но истиот ден на татко ми му направија скенер и откако Др Филипчр ги виде снимките ни соопшти тешка дијагноза. Стануваше збор за церебрална анауризма на многу незгодно место во мозокот. И кога помисливме дека нема веќе лек тој рече мора итно да го оперираме. Јас сум изведувал вакви зафати. Многу е тешка микроневрохирушка операција но ќе ја направиме. Очите ни се наполнија со солзи. Мислевме дека тоа ќе не чини како во Швајцарија и САД десетици илјади евра. Но тој рече дека ако е пациентот спремен тој ќе го оперира во рок од два дена од поставената дијагноза бидејќи има сериозна опасност по неговиот живот.

По два дена тој и неговиот тим неколку часа ја вршеа тешката операцијата на татко ми. Здивнавме кога излезе од операционата сала и со голема сочуствителност ни соопшти дека е успешна интервенцијата и дека би требало за неколку дена да се опорави.За целата операција платиме само некои симболични 3 илјади денари на шалтерот од клиниката.

Татко ми се оправи бргу. Но она што не изненади е грижата на Др Филипче кој неколку пати по операцијата лично се јавуваше да прашува како е пациентот. Јас како негова ќерка што живее во САД знам колку тешко би било тоа да се изведе овде со такава брзина и стручност и колку тоа би чинело. И затоа сите сме му вечно благодарни на драгиот Др Венко. Татко ми здравјето си го упропасти по белиот свет но овде наиде на луѓе што спасуваат живот со неверојатна Посветеност и грижа за пациентите.Дај боже Македонија да има што повеќе способни, грижливи и чесни луѓе како Др Венко Филипче“, стои во објавата.

Нема законски пречки Стевчо Јакимовски да ја продолжи изборната трка и покрај црната листа

Нема законски пречки лидерот на ГРОМ Стево Јакимовски да ја продолжи изборната трка за шеф на државата и покрај тоа што се најде на црната листа на САД. 

Во Изборниот законик има само три општи услови за кои потсетуваат од ДИК, да има македонско државјанство, да е постар од 40 години и да живее во земјава најмалку 10 во последниве 15 години. Дека не ни размислува да се откаже од кандидатурата кажа и самиот Јакимовски на прес-конференција синоќа веднаш откако стигна веста од Стејт Департментот. Напротив тој оцени дека потегот на САД бил акт на насилство и мешање во изборниот процес, а најави и кривична пријава за да се утврдело кој стои зад оваа, според него, нечесна работа за која бил изненаден.

За да се оневозможи лицата од американската црна листа истовремено да се и носители на функции, има веќе скроен закон за рестриктивни мерки, но се уште е заглавен во собраниските лавиринти. Претседателот на СДСМ Ковачевски го повика претседателот на матичната комисија од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски да свика седница за да ја откочи процедурата.

За проширената црна листа кадешто уште од минатата година е и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, беше прашан и лидерот на ДУИ Ахмети, кој накратко рече дека тие ги почитуваат одлуките на стратешките партнери.

Покрај Стевчо Јакимовски, од вчера на американската црна листа е и поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева. Стејт Департментот соопшти дека и двајцата со нивните дејствија го поткопале владеењето на правото, биле вклучени во коруптивни дела и нивната положба ја искористиле за лична корист.

Доделени наградите „Никола Младенов“ за 2023 година

Новинарката на Канал 5 Мирјана Мирчевска-Јовановиќ доби пофалници за истакнат новинарски ангажман во категоријата најдобра истражувачка сторија, како дел од доделувањето на наградите „Никола Младенов“ за 2023 година.

Мирчевска Јовановиќ пофалницата ја доби за серијата прилози за Законот за амнестија на лицата со посебни потреби кои го прекшија полицискиот час за време на ковид кризата.

Новинарот Александар Димитриевски ја доби првата награда за најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс „Никола Младенов 2023“, за сторијата „од фирма за долна облека до надзор над проект од 1,3 милијарди евра со позајмени експерти“, објавена во емисијата „360 степени“.

притисни ентер