Рикардо: Треба да ја донесам втората најважна одлука во мојот живот

Пилотот на Ред Бул, Даниел Рикардо сака неговиот следен договор со тим од Формула 1 да биде со соодветна сума за неговите квалитети. 

Австралиецот верува дека, влегувајќи во својата осма година во мотоспортот, тој заслужил посериозна плата и однос кон него.

По Големата награда на Франција, пилотот рече дека очекува разговорите меѓу него и Ред Бул да станат сериозни. Желбата на Рикардо е да го стори тоа пред трките во Австрија и во Велика Британија, кој тој ги опишува како „домашни“ за тимот.

Последните години околу Австралиецот има гласини дека ќе избира помеѓу Мерцедес и Ферари, откако неговиот договор со Ред Бул истекува. Минатата недела во западните медиуми имаше информации дека Мекларен е подготвен да му понуди голема плата, ако Фернандо Алонсо одлучи да го напушти британскиот тим.

Рикардо рече дека титулата кај пилотите ќе биде приоритет за него од сезоната 2019 и понатаму, но сега се враќа кон своите лични ангажмани во Формула 1, кои ќе му овозможи да ја исполнат таа цел.

- Приоритет е да се обидам да го направам автомобилот најсилен на патеката. Верувам дека е можно. Ова е првото нешто што доаѓа во мојот ум. Ако нема шанси да се случи тоа, тогаш треба да ги разгледам другите опции. Мислам дека како пилот давам многу. Твојата цена како натпреварувач е „X“ сума на пари. Таа треба да се дефинира и да се добива, во однос на она што си го дал на спортот. Чувствувам дека имам одредена вредност и сакам сите мои очекувања да бидат оправдани, бидејќи луѓето очекуваат од мене да ги оправдам нивните, рече Рикардо.

Рикардо ќе наполни 29 години во недела, а во неговата кариера има 137 трки и 7 победи.

- Ако не ја освојувам титулата и завршам четврти или петти, нема да има никаква разлика. Единствениот начин на кој мојата кариера може да направи чекор назад е ако престанам да се справувам добро. Не се плашам од ништо. Најтешко беше да се напушти Австралија и да дојдам во Европа. Не верував дека сум многу добар, но тоа беше важна одлука во мојот живот. Мојата одлука во 2019 година ќе биде втората најважна работа во мојот живот, по преселувањето од Австралија, заврши пилотот на Ред Бул

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар во сабота во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која се лекува во Барселона.

Настанот е во организација на сите осум основни училишта на подрачјето на општина Центар и со поддршка на Општина Центар.

Кара е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, а поради сериозни компликации во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона поради дијагностицирање на нејзината болест.

- Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара, информираат од Општината.

Њу Орлеанс последен избори плејоф во НБА-лигата

Кошаркарите на Њу Орлеанс пеликанс рано утрово забележаа победа над Сакраменто кингс со 105:98 во плејин натпреварот одигран на домашен терен.

Најефикасен играч на натпреварот беше Де'Арон Фокс ос Сакраменто кој постигна 35 поени.

Во победничкиот состав се истакна Брендон Инграм со 24 поени.

Пеликанс се пласираа во плејофот каде во првото коло ќе играат против Оклахома.

Покрај Њу Орлеанс место во разигрувањето за трофејот преку плејин обезбедија и Лос Анџелес лејкерс, Мајами Хит и Филаделфија.

Плејофот во најсилната кошаркарска лига на светот почнува вечер со натпреварите:

Кливленд кавалирс – Орландо меџик и

Минесота тимбервулвс – Феникс санс. /МИА

Стапуваат во сила дополнителните обврски од ДСА за „Порнхаб“, „Стрипчет“ и „ИксВидеос“

Новите обврски за „Порнхаб“ и „Стрипчет“ почнуваат да важат од утре, а за „ИксВидеос“ од втроник.

Интернет сајтовите со содржини за забава на возрасни „Порнхаб“, „Стрипчет“ и „ИксВидеос“ ќе мора да се усогласат со дополнителни обврски што произлегуваат од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), откако изминуваат четири месеци од нивното назначување за „многу големи онлајн платформи“.

Дополнителните обврски, кои мора да ги почитуваат сите „многу големи онлајн платформи“, односно социјални мрежи, пребарувачи, страници за е-трговија и сајтови кои месечно имаат над 45 милиони корисници од ЕУ, се однесуваат на поднесување извештаи за проценка на ризик до Европската комисијата, воспоставување мерки за справување со системските ризици поврзани со услуги што ги нудат, усогласување со правилата за транспарентност и за емитување рекламите, како и за обезбедување пристап на истражувачите до нивните податоци.

Новите обврски за „Порнхаб“ и „Стрипчет“ почнуваат да важат од утре, а за „ИксВидеос“ од втроник.

Целта на Законот за дигитални услуги на ЕУ е да ги натера онлајн платформи да преземат поголема одговорност за обезбедување побезбеден и потранспарентен интернет простор, со тоа што, меѓу останатото, ќе спречат ширење на илегални содржани и ќе ги намалат ризиците по малолетниците.

Општите одредби од Законот за дигитални услуги, покрај за „многу големите онлајн платформи“, од 17 февруари годинава почнаа да важат за сите интернет страници независно од нивната големи. Меѓу овие одредби се и обврските за упатување на известување за соодветност на одредена содржина на возраста на корисниците, забрана за целно таргетирани реклами, пред се насочени кон деца и зголемена транспарентност. /МИА

притисни ентер