Лажен саудиски принц “паднал“ поради сланината

Американски измамник, кој околу 30 години се претставувал како саудиски принц, го оддала неговата љубов спрема сланината, пишува „Дејли меил“.

Ентони Жињак, се родил во Колумбија, но го посвоило американско семејство и израснал во САД. За измамата бил осуден во 2008 година, бидејќи нанел штета на хотел и неколку компании во висина од 10 илјади долари. Уште тогаш се претставувал како принц и правел измами во околината.

Во текот на процесот откриено е дека мажот манипулирал со луѓето од 1991 година, со помош на лажниот идентитет. Тој веќе тогаш имал пентхаус во Мајами и голем број на раскошни автомобили. Во овој случај одлучено е да биде ослободен со кауција.

Последната епизода која довела до суд се случила во март 2017 година.

Еден од вработените кај Жињак се поврзал со американскиот претприемач Џефри Сафер.

Тој го известил дека принцот наследник на Саудиска Арабија сака да вложи 440 милиони долари во летувалиштето на Сафер.

Американецот поверувал и го повикал принцот на гости. Измамникот дошол во најново ферари со дипломатски таблички (купени на Ибеј). Во август самиот Сафер гостувал во пентхаусот на Жињак. За време на таа средба “принцот“ му покажал лажно писмо од банка во Дуба која гарантира 600 милиони долари.

Истиот месец тие се сретнале во Аспен. Таму Сафер за прв пат почувствувал дека нешто не е во ред. Тој забележал дека инвеститор од муслиманска земја јаде свинско. Инвеститорот побарал од службата за безбедност да го провери измамникот и тој веднаш бил откриен.

После жалбата на Сафер, полицијата во Флорида покренала сопствена истрага. Во ноември 2017 година Жињак е уапсен на аеродром на кој дошол под лажно име. Во неговиот пентхаус пронајдени се визиткарти со различни имиња, лажни дипломатски броеви, кредитни картички, илјадници долари.

Галант: Половина од командантите на Хезболах загинале од 7 октомври

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант тврди дека од 7 октомври 2023 година во израелските напади се убиени половина од командантите на Хезболах во јужен Либан, додека добар дел од нив сега ги напуштаат своите позиции.

„Нашата главна цел беше и останува да создадеме поинаква безбедносна ситуација овде (во близина на сината линија која ја повлекоа Обединетите нации) и дека жителите на северен Израел можат безбедно да се вратат во своите домови. Во овој поглед, разгледуваме неколку решенија“, изјави Галант. /МИА

ЕУ бара независна истрага за масовните гробници во болниците во Газа

ЕУ денеска објави дека бара „независна“ истрага за масовните гробници во близина на двете главни болници во Појасот Газа.

„Бараме независна истрага за сомнежите и околностите на тоа откритие, бидејќи тоа создава впечаток дека можело да има прекршување на човековите права“, рече Петер Стано, портпарол на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

ОН вчера повика на независна истрага за масовните гробници откриени во двете главни болници во Појасот Газа.

Во изјавата, високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк рече дека е „ужасен“ од уништувањето на најголемата болница во Газа, болницата Ал Шифа и медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис, како и од откривањето на масовните гробници до нив.

Израелската армија негираше каква било одговорност и рече дека е „неосновано верување“ дека ги закопала телата на Палестинците.

Претставник на цивилната одбрана во Појасот Газа вчера изјави дека неговите тимови во саботата откриле тела на 340 луѓе во масовни гробници во кругот на болницата „Насер“. /МИА

Повеќе од 280 милиони луѓе се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештај на ФАО

 Над 280 милиони луѓе во 59-те земји во светот каде кризата со храна е најтешка, се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Се забележува дека иако вкупниот удел на луѓето во светската популација кои се соочуваат со голем недостиг на храна во 2023 година беше малку помал отколку во 2022 година, тој остана над нивото пред пандемијата.

Во него се нагласува дека процентот на луѓе кои се соочуваат од акутен глад останува висок, а главни фактори зад овој тренд се воените конфликти, екстремните временски услови и економските шокови, кои продолжуваат да го загрозуваат одржливиот развој на светот.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека влошувањето на ситуацијата во светот како резултат на овие фактори претставува сериозна закана за глобалната безбедност на храната во тековната 2024 година.

Извештајот на ОН ги става Авганистан, ДР Конго, Нигерија, Судан и Етиопија во првите пет земји погодени со најакутна криза со храна. /МИА

притисни ентер