Ева Лонгрија на прва фотографија со новороденото бебе

Холивудската актерка Ева Лонгрија на 43 години стана мајка . Таа не ја крие среќата и ја сподели со фановите првата фотографија .

Ева се фотографираше со синот Сантијаго и ја објави на социјалните мрежи , каде илјадници фанови и честитаа. Таа се пофали дека ужива со малиот Сантијаго Енрике.

,, Утринско галење со овој ангел е најдобро .“, напиша Ева на Инстаграм.

 

Morning cuddles with this angel are the best! 👶🏻 #HappyFriday

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) on

Таа се породи на 19 јуни во Лос Анџелес , а за американските магазини таа со нејзиниот сопруг , 50 годишниот Хозе Бастон изјавија дека се благодарни на овој прекрасен благослов.

Сопруга на холивудска ѕвезда роди четири деца едноподруго и изгледа одлично (ФОТО)

Сопругата на 60 годишниот Алек Болдвин роди за многу кусо време четири деца и вели дека сака и петто бебе.

Хилариа Томас Болдвин (34) за време на шестгодишниот брак со Алек Болдвин има четири деца . Најмалото е на возраст од само четири месеци, а таа вели дека сака и петто бебе.  Најстарата ќерка Кармен има само 5 години , а помали се синовите Рафаел (3) , Леонард Ангел Чарлс (2) и најмалиот Ромео Алехандар Давид , кој има четири месеци.

Шпанската актерка , која е и фитнес и јога тренер и покрај бројните породувања, изгледа одлично. Беспрекорното тело го покажа пред некоја вечер во ресторан во Лос Анџелес , каде со сопругот беа видени на романтична вечера.

Хилариа вели дека линијата и ја должи не само на секојдневното вежбање , туку и со нејзината опседнатост со здрава храна. Со години била вегетеријанка , потоа станала веганка , а здравиот начин на живот настојува да го пренесе во семејството.

Родители на суд – и се заканувале на докторка која не сакала да ја проверува невиноста на нивната ќерка

Родители по потекло од Иран денеска беа обвинети и изнесени на суд во Лондон откако смртно и се заканувале на докторка која не сакала да ја проверува невиноста на нивната ќерка.

Невообичаениот настан се случил во источен Лондон , кога мајката и таткото за малку ќе ја убиеле својата 18 годишна ќерка и нејзиното момче на иста возраст , по потекло Британец.

Мајката Митра Еидиани , го затекнала момчето во нивниот дом , а тој кога ја видел скокнал низ порзорецот. Таа веднаш ја грабнала ќерката и ја однела на доктор за да ја провери нејзината невиност. Но , докторката одбила да го стори тоа , по што добила смртни закани од двајцата родители . Докторката ги пријавила родителите на суд , кои во нејзинот присуство ја тепале ќерката и и се заканувале дека ќе ја заколат.

Ќерката на суд изјавила дека родителите имале намера да ја однесат во Иран за таму да се венча со постар роднина , иако таа имала момче од равбота.

Скандалот не бил доволен , пишува британски Деили Меил , па родителите им се заканиле и на судиите и им рекле дека не ја разбираат нивната религија и традицијата .

Судот допрва ќе решава како ќе ги казни лутите родители.

Порше му помогна на велосипедист да постигне рекордна брзина од 240 км/час (ФОТО)

Porsche Cayenne Turbo влечеше велосипед до постигнување на брзина од 177 км/час , а потоа послужи како аеродинамичен браник за да може велосипедистот Нил Кембел да постигне рекордна брзина од 240км/час.

Кембел  , кој го држи претходниот рекорд од 217 км/час користеше специјално дизајниран велосипед , кој може да достигне брзина и од 322км/час.

Како влечно возило одлично послужи Porsche Cayenne Turbo, што му овозможи на велосипедистот за кратко време да го постигне саканото забрзување , а за да го намали отпорот , одлично му послужи високата каросерија на СУВ-от.

Cayenne е моќно возило со 4.0 би турбо V8 so 550 KS и 770 Nm, поради што до 100 км/час стигнува самоз а 4,1 секунда. На крајот на авантурата , Кембел го спореди забрзувањето на Cayenne со ,,возење на ракетен погон”.

притисни ентер