Отворање на Кафе - кино со комедијата „Смртта на Сталин“

Со проекцијата на филмот „Смртта на Сталин“ вечер во 21 часот, на Факултетот за ликовни уметности - „Сули ан“ ќе биде отворено овогодинашното Кафе - кино во рамки на „Скопско лето 2018“.

Филмот - историска комедија е во режија на Армандо Ианучи, снимен 2017 година, како британско-француско-белгиско-канадска копродукција. Има добиено две номинации за БАФТА, а се закитил и со повеќе награди на меѓународни фестивали. Има добиено четири награди од вкупно 13 номинации за британските награди за независен филм, награда „Емпаер“ за најдобра комедија, награда за режија на Фестивалот на комедијата во Монте Карло, награда на филмската критика ФИПРЕСЦИ во Торино,...

Улогите ги толкуваат Стив Бушеми, Сајмон Расел Бил, Олга Кириленко, Џејсон Ајсекс,...

Филмот ги следи последните денови на советскиот диктатор и го отсликува хаосот на режимот по неговата смрт./МИА

Се запали конзерваториумот ,,Чајковски” во Москва(ВИДЕО)

Рано утрово се запали зградата на државниот конзеравториум ,,Чајковски” во Москва.

Според медиумите , нема повредени во пожарот , а штетата дополнително ќе се утврдува.

На самото место пожарот го гаснат 15 противпожарни тимови.

Куба на референдум – капитализам или социјализам

Над 8 милиони Кубанци утре излегуваат на референдум за новиот Устав , кој и покрај измените , го задржува социјалистичкото уредување на државата.

Новиот Устав на Куба би требало да го замени оној од 1976 , во кој ќе се признае приватната сопственост и странски вложувања. Граѓаните ќе треба да одговорат на прашањето ,,Дали ќе го ратификувате новиот Устав на Републиката”.

Власта , предводена од претседателот Мигел Дијаз Канел лобира како никогаш до сега за одговорот ,,да” , со реклами на сите ѕидови , автобуси , во медиумите и на социјалните мрежи.

Опозицијата , пак ги повикува луѓето да гласаат ,,не”. Според анкетите , 70 до 80 проценти од граѓантите се за измени на Уставот , а првите резултати ќе бидат познати в понеделник попладне.

Над 100 возила изгореа на аеромитинг (ВИДЕО)

Над 100 возила изгореа за време на одржувањето на авиомитингот во близина на индискиот град Бангалуру.

Возилата биле на паркингот , кога избувнал силен пожар , предизвикан најверојатно од цигара. Поради сувата трева и силниот ветар , пожарот набргу ги зафатил возилата , во кои за сега се наведува дека немало никој.

Сопствениците на возилата го следеле аромитингот ,,Аеро Индија 2019” , кој неколку дена се одржува на аеродромот во близина на Бангалуру.

притисни ентер