Кејн: Англија долго време нема да закрепне од овој пораз

Англискиот напаѓачот Хари Кејн по полуфиналето на Светското фудбалско првенство против Хрватска (1: 2) изјави дека Британците наскоро нема да можат да го заборават поразот. 

Според него, тимот не го издржал силниот психолошки притисок под кој се наоѓал.

- Натпреварот можеше да оди во две насоки. Имаше неколку моменти кога чувствувавме предност над ривалот. Беше прекрасно да се биде на Светското првенство толку долго, за да се пријде во финалето толку внимателно. Ние нема да можеме да се опоравиме од овој пораз долго време, истакна Кејн.

На почетокот на натпреварот бевме многу среќни, бидејќи резултатот веќе во 5.минута беше 1:0 за нас. Бевме под силен притисок. Малку ни фалеше за победа, но мечот беше од оние во на кои малите разлики прават голема разлика во играта, додаде Кејн./МИА

Милан сепак ќе игра во Лига Европа

Тимот на Милан, сепак, ќе игра во Лига Европа. „Росонерите“ ја освоија жалбата пред спортскиот арбитражен суд (КАС) против одлуката на УЕФА да ги извади од европските клубски турнири во сезоната 2018/2019 година.

На 27 јуни, УЕФА го санкционираше седумкратниот европски шампион за кршење на финансискиот фер-плеј, поконкретно за  критериумот за рамнотежа. Станува збор за периодот 2014-2017, кога Силвио Берлускони го предводеше клубот. 

Другиот критериум беше дека поранешниот сопственик Јонхон Ли не успеа да даде финансиска гаранција на клубот и да се оправда пред европската фудбалска централа, од каде доаѓа неговиот капитал и како ќе ги покрие обврските. 

Како што е познато, тој ги загуби „росонерите“ на 10 јули. Тогаш хеџ-фондот „Елиот Менаџмент“ ја презеде контролата над 18-кратниот шампион на Италија, откако Кинезот не успеа да најде 32 милиони евра за да го зголеми капиталот на гигантот од Милано и го пропушти рокот за враќање на заемот кон „Елиот Менаџмент“.

Американскиот инвестициски фонд, кој управува со средства од над 34 милијарди долари, според податоците од 2017 година, се осигури дека минимум три години ќе се ангажира во развојот на клубот, откако се зборува за сериозен развој на маркетинг операциите и изградба на нов стадион.

Токму тоа беше адутот на кој „росонерите“ се потпираа во рочиштето за жалбата, кое вчера траеше повеќе 12 и пол часа. Делегацијата на Милан, предводена од Марко Фасоне и претставникот на „Елиот“ - Френк Твил рекоа дека клубот веќе има јасна иднина, како и финансиска стабилност. 

„Росонерите“ се одбранија и со тоа што УЕФА била многу мека против ПСЖ, Манчестер Сити и Интер, кои поминаа со многу полесни казни при нарушувањето на финансискиот ферплеј во последниве години. /МИА

Калиниќ одби да го земе сребрениот медал од Мундијалот

Хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ одби да го земе сребрениот медал од Светското првенство, откако на самиот почеток на турнирот во Русија беше избркан од репрезентацијата.

Селекторот Златко Далиќ и неговите соиграчи одлучиле Калиниќ да добие медал, иако одби да влезе во игра против Нигерија (2:0).

- Ви благодарам, но јас не играв во Русија, порача Калиниќ и се заблагодари на гестот на неговите соиграчи.

Калиниќ во наредниве денови би требало да го комплетира трансферот во Атлетико Мадрид за 20 милиони евра.

Хрватска заврши на второто место на Мундијалот, а тоа е најголемиот успех во историјата на „ватрените“. /МИА

Манчестер Јунајтед одигра нерешно на првиот контролен натпревар во САД

Манчестер Јунајтед ја стартуваше претсезонската турнеја во САД со реми 1:1 против мексиканскиот клуб Америка. 

Дуелот помеѓу двата тима се одигра во Глендејл, Аризона, а „црвените ѓаволи“ беа без голем дел од главните фудбалери.

Учесниците на Светското првенство 2018 (12 на број) не патуваа во САД, додека проблемите со визите го одложија приклучувањето на Алексис Санчез. И новото засилување Фред не учестваше во натпреварот. Недостатокот на ѕвезди и високите цени на билетите ја одвратија публиката, па стадионот беше полупразен.

Резултатот го открија Мексиканците по час игра, преку напаѓачот Хенри Мартин, кој постигна гол со глава против дебитантот Ли Грант. Во 78-та Јунајтед стигна до реми преку Хуан Мата, кој реализираше одблизу, откако претходно топката се одби од гредата.

Следната проверка на Манчестер Јунајтед е на 23 јули, а ривал на тимот на Жозе Мурињо ќе биде Сан Хозе. /МИА

притисни ентер