Хрватска противник на Франција во финалето на СП во Русија

Хрватска ќе игра во финалето на Светското фудбалско првенство во Русија.

 Хрватските фудбалери по триумфот над Англија во полуфиналето со 2-1, уште еднаш го воодушевија светот и ја фрлија нацијата во екстаза. Хрватска со само 4 милиони жители стана втора најмала нација што игра финале на мундијал, по Уругвај од 1950 година.

  ,,Нозете им откажаа одамна пред крајот, мускулите ги болеа, белите дробови им беа празни, телата им пукаа. Хрватските играчи го допреа и го надминаа сопствениот лимит. Повторно го потрошија сиот адреналин, преминаа во црвено, почувствуваа силна болка. Но сепак, додека движењата им беа се потешки, тетивите се постегнати и додека ловеа здив и изгледаа како едноставно да неможат, но не потклекнаа, го продолжија нивниот лов и не престануваа да трчаат.Покрај Англија, во финалето на светското првенство, во историја,,.

                Вака коментираше престижниот „Њујорк тајмс“ во еден од највпечатливите текстови со кои светските медиуми се тркаа кој повеќе ќе ја испофали репрезентацијата на хрватска по епското полуфинале во Москва. Хрватите уште еднаш го воодушевија светот со играта и карактерот. Уште еднаш се враќаа од бездната, анулирајќи ја предноста на противникот и повторно на потешкиот начин. Во нокаут фазата на мундијалот Хрватите трет пат играа продолженија но овојпат ги избегнаа барем пеналите и стресот што го претрпеа во четврфиналето со данска и полуфиналето со Русија.

                Еден од највлијателните тренери во светот во овој момент Жозе Мурињо, во улога на стручен коментатор на тв мрежата „Russia Today“, потенцираше дека искуството не му дозволило да биде наивен и на полувремето да каже дека Англичаните ја завршиле работата. Тој ја испофали Хрватска и подвлече дека голот на Перишиќ беше момент кога натпреварот се прекрши во корист на сега веќе финалистот.

                Светските фудбалски коментатори и колумнисти не штедеа комплименти на адреса на сите во хрватскиот тим, издвојувајќи ги неуморните Модриќ, Перишиќ, Ракитиќ и Брозовиќ кои претрчаа маратон и секако стариот прекален воин Манџукиќ кој иако едвај стоеше на нозе го постигна најзначајниот гол во кариерата за триумф.

                Хрватите со триумфот над гордиот албион ја испишаа најсветлата страница во хрватскиот спорт кој и онака изобилува со блескави успеси, а доколку бајката ја завршат успешно в недела на Лужники во Москва против Франција тогаш ќе треба да помине многу време додека тие но и целата нација почне полека да се симнува од седмото небо. Генерацијата на Шукер и Бобан предводена од легендарниот Чиро Блажевиќ во Париз пред 20 години беше запрена во полуфиналето и стигна до бронзата, а сега Модриќ и друштвото имаат прилика да се искачат на фудбалскиот покрив на светот и оттаму само да го пречекорат прагот кон вечниот фудбалски незаборав и да влезат во друштвото на малкумината одбрани.

                Финалето на светскиот шампионат Хрватска – Франција ќе се игра в недела на стадионот Лужники во Москва во 17 часот.

Казна за Челзи – нема трансфери до 2020

ФИФА го казни британскиот клуб Челзи со забрана за склучување фдоговори со нови играчи во наредните два преодни рока , односно до летото 2020.

Челзи е казнет поради кршење на правилникот за регистрација на играчи помлади од 18 години. Клубот мора да плати 600 000 швајцарски франци парична казна , а англискиот фудбалски сојуз е казнет со 510 000 франци.

Челзи без овластување и незаконски регистрирал 29 играчи помлади од 18 години , што е најголем прекршок по оној за непочитување на финансиски фер плеј.

Така клубот на Абрамович , кој е во голема криза , нема да може до 2020 да регистрира нови играчи , ниту ќе може да се засилува , што би било многу лошо за клупските амбиции.

Познати осминафиналните дуели во Лига Европа

Познати се осминафиналните натпревари во второто по квалитет европско  фудбалско натпреварување Лига Европа.

Најинтересно  се очекува да биде на  пресметките Челзи – Динамо Киев,  Ајнтрахт Ф. – Интер.

Тимот на нашиот репрезентативец Адеми, Динамо загреб за место во четврфиналето ќе игра против португалскиот гигант Бенфика.

Во другите осминафинални средби ќе играат:

Наполи- Салзбург

Валеснија – Краснодар

Севиља – Славија Прага

Арсенал – Рен

Зенит – Виљареал

Мечевите од 1/8 финалето во Лига Европа се играат на 7 и 14 март, четврфиналето е на 11 и 18 април, полуфиналето на 2 и 9 мај, а големото  финале на Олимпискиот стадион во Баку е на 29 мај.

Нант казнет поради навивачите кои му оддаваа почит на Сала

Навивачите на Нант , тимот на трагично загинатиот фудбалер Емилијано Сала , посветија повеќе кореографии на првиот натпревар на домашен терен по несреќата.

Денеска дисциплонската комисија на француската Лига 1 реши жестоко да го казни клубот , предводен од Вахид Халилхоџиќ. Се казнува поради запалените факли од страна на навивачите со кои се простија од Сала.

Нант е казнет парично со 20 000 евра , а со нешто над 16 000 и за наптреварот против Сент Етјен , прв натпревар одигран по исчезнувањето на Аргентинецот.

Јавноста е згрозена од казните , зашто не станувало збор за никакви насилничко однесување или за повреда на дисциплина , туку за почит кон Сала.

Тој загина во авионска несреќа на 21 јануари , на враќање од Нант каде се простил од соиграчите пред да почен да настапува за Кардиф.

притисни ентер