Егоцентрични и безобразни: Три знаци на зодијакот кој не сакаат никого освен себе си!

Дали сте помеѓу нив?

Иако тоа никогаш не би го признале, следните знаци во зодијакот имаат изразени нарцисоидни црти на личност. Едноставно тие мислат дека се најдобри, се што прават е од личен интерес и задоволство.

Овен - Првиот знак на зодијакот има многу врлини но и мана која им пречи речиси на сите, а тоа е нарцисоидност. Иако е добро и здраво да се сакате себе си, припадниците на овој знак често претеруваат во тоа и одат толку далеку што се гледаат како вечни победници, генијалци, најубави и нај посебни личности на овој свет. Таквиот став може да ги чини пријателства но исто така може да им донесе и проблеми во љубовта.

Вага - Како големи естети, тие сакаат убави работи и убави луѓе и може да се каже дека така го гледаат и светот околу нив. Обожуваат да привлекуваат внимание и очекуваат посебен третман. Припадниците на овој знак често зборуваат за нивните успеси, а не ретко и претеруваат во тоа. Не е важно доколку нешто сте направиле еднакво добро како и тие, Вагата секогаш ќе ви каже дека таа тоа го направила подобро.

Лав - Тие се познати по нивната егоцентричност и изгледа како тоа воопшто да не се обидуваат да го скријат од другите. Тие искрено самите на себе си се воодушевуваат, обожуваат да се центарот на внимание и често се знаат најдобро. Колку на Лавовите име  важен добриот углед покажува и фактот дека тие би прифатиле да сторат нешто за другите само за да се зборува убаво за нив.

Велигденска честитка на бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов

Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов по повод празникот Христово воскресение – Велигден, што утре (21 април) го слават граѓаните со католичка вероисповед, упати велигденска честитка.

– Христијанскиот начин празнување на поедини настани од историјата на спасението не се само споменување на нешто што било, туку е доживување на нешто што постојано трае. Исус Христос во одредено историско време беше мачен и распнат, убиен и погребен во Ерусалим. Неговото материјално битие излезе од законот на нашата физика и во преобразеното тело и денес е присутен. Разбирливо дека поединостите на таквото тело нам не ни се познати, но тоа, што со очите на верата го гледаме и со душата веруваме не прави денес среќни, бидејќи е врв, а и извор на нашата вера: Христос е жив, воскреснат, прославен и сега е меѓу нас.

Како католичка заедница невообичаено сме збогатени со овој Велигден не само со празнувањето на таинството на верата, туку со фактот дека токму во тоа Воскресно време ни доаѓа во пасторална посета поглаварот на нашата Црква, папа Фрањо. Веруваме дека Тој ќе ни го навести Христовиот мир, ќе не охрабри и ќе ни ја зајакне нашата надеж да не се пребројуваме според бројот, туку да настојуваме својот живот да го направиме богат во даровите кои само Бог може да ни ги дарува. Во многу сфери на нашата цивилизација и култура полагаме испит на опстанок и затоа се молиме прославениот и воскреснат Бог, преку оваа Апостолска посета, да нѐ обнови во духот, зајакне во мирот и зацврсти во заедништвото со сите луѓе со добра волја што на ова земја и на сите граѓани во неа им посакуваат напредок, соживот, успех, а пред сѐ мир.

Нека доаѓањето на Папата, на секој верник и секој човек во нашата Татковина ги зајакне чекорите за мир, сигурност во животот и надеж за подобро утре. Со тие мисли се среќаваме во славата на Воскресението и нашиот Господ Исус Христос, што не прави способни да можеме искрено да порачаме: „Не бој се, стадо мало!" – Небесниот Отец ви го предаде Царството на животот. Христос воскресе!, се вели во велигденската честитка на бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов. 

Дневен хороскоп за 20.4.2019 година

Дневен хороскоп за сабота, 20.април 2019 година . 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ако сте во врска , ќе излезете меѓу луѓе и убаво ќе си поминете. Ако сте сами исто така ќе излезете меѓу луѓе.

Кариера

Дури сега сфаќате колку е важно да имате добра соработка со другите. Тие ви даваа помош во работењето , а сега почнувате и вие да им враќате.

Здравје и совет

Подобро е да верувате , отколку да сде сомневате.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска најдобро ќе поминете доколку бидете што е можно подискретни и помалку да зборувате. Мерете го секој збор.

Кариера

Вашите шефови ќе бараат од вас одредени постапки , кои ви изгледаат неумесни. Сепак , не се расправајте , туку прифатете ги.

Здравје и совет

Ќе бидете малку фрустрирани , но ќе ви помине.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Следува мала преодна криза во комуникациите со саканата личност , а со тоа и мали фрустрации. Сепак , сето тоа јуначки ќе го издржите.

Кариера

Може да се случи мала расправија со надредените околу нормите за работа и поставените критериуми. Бидете што е можно посериозни.

Здравје и совет

Нервоза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Повикот за дружење ќе биде од неврзан карактер. Доколку го прифатите и излезете , убаво ќе си поминете.

Кариера

Размислувате за тоа како во работата да воведете стручни лица. Анализирајте ги можните кандидати.

Здравје и совет

Имате смисла за хумор.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Мелите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и за друштво, односно јавност  и тоа во исто време.

Кариера

Она што другите ќе ви предложат , анализирајте го полека и во тишина , за да бидете целосно објективни.

Здравје и совет

Почнете со здрава исхрана.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе најдете поткрепа во вашата смисла за сочувство со другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другата страна.

Кариера

Не сте сигурни дали отворено да го кажете своето мислење. Ви недостигаат уште некои информации за да ја имате целосната слика.

Здравје и совет

Причекајте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е убав ден за дружба , излегување и нови познанства. Особено добро ќе се забавуваат оние помладите.

Кариера

Не се двоумете доколку треба да воведете некои нови методи во работниот процес . Истовремено ќе ви биде важно тоа да го направите на фин начин.

Здравје и совет

Подобрување.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашата фаза на ,,ловечки приказни”  би можела да потрае и денеска. Внимавајте некого да не изнервирате. Оние во врска се добро.  

Кариера

Веројатно ќе извршите една помала анализа на една тема , а истата ќе ви донесе задоволство.

Здравје и совет

Не претерувајте со колачи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

На некои можеби ќе им биде доста од се. Некои веќе изгубиле надеж и веќе ништо не очекуваат , додека другите ќе уживаат во осаменоста.

Кариера

Вашите цели се високи, па затоа ви се потребни одредени квалитети и квалификации. Проверете дали имате се што ви е потребно.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска би можеле да излезете со пријатели и со нивна помош да ги надминете љубовните грижи.

Кариера

Ќе делувате на два начина – оној вообичаениот и оној што вклучува големи планови за иднина.

Здравје и совет

Се потрудивте да живеете уредно , што е добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Освен мали дневни уживања во двојка , денеска ќе размислувате и за некои подлабоки филозофски прашања.

Кариера

Веќе ништо не ви стои на патот . Ова се вашите пет минути на работното место и искористете ги најдобро што можете.

Здравје и совет

Почнете да спортувате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денот ќе ви донесе многу смисол за друштвеност , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе.

Кариера

Сите работи што вклучуваат соработка , контакти и размена на идеи , денеска ќе ви одат од рака подобро од вообичаеното.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате посилно .

Поради авантура среде море , им се заканува смртна казна (ВИДЕО)

Американец и неговата девојка се соочуваат со смртна казна поради тоа што живееле на платформа во меѓународни води.

Чад Елвартовски и неговата девојка , Супрани Тепдет се во бегство пред тајландската морнарица , која ги обвинува за градење на морски дом , со што го нарушувале државниот суверенитет.

Нивниот дом , фиксиран на 20 метри висока платформа се наоѓа на околу 19 километри од монденското летувалиште Пукет . Американецот тврди дека куќичката е поставена на 21 километар од брегот на Тајланд и дека не ги загрозува нивните води.  Морнарицата нагласува дека двајцата не побарале никаква дозвола за градба на куќата , подигната на бертонска платформа среде море.

Доколку ги прогласат за виновни за нарушување на суверенитетот на државата , им се заканува доживотен затвор или смртна казна.

Елвартовски работел како програмски инженер за американската армија , пред да почне да вложува во виртуелната валута биткоин. Потоа заедно со девојката од Тајланд почнале да градат куќа среде море и станале дел од групата Ocean Builders, кои градат куќи во морињата со цел да станат автономни од секоја власт.

Спорната платформа била изградена во февруари , но властите ја откриле дури оваа недела.

Ваквите градби , односно мини заедници се расфрлани низ сите мориња , и тоа во меѓународните води , каде станарите прогласуваат автономија. Најпозната е платформата Силенд , изградена од 1967 година во Северното море.

притисни ентер