Трибина во Куманово: „Даночно поттикнување во делот на спортот“

Во Куманово се одржа средба на бизнисмените и претставници на локалната и цретралната власт, на која им беа објаснети даночните поволности доколку го помагаат спортот.

Општина Куманово и Секторот за култура и спорт,  организираа Трибина за запознавање на начинот и постапката во врска со даночно потикнување во делот на спортот, согласно Законот за данок на добивка.

На трибината присуствуваа сите релевантни фактори и чинители кои можат да допринесат за развој на спортот во нашиот град, Градоначалникот Максим Димитриевски, Директорот на Агенција за млади и спорт  Дарко Каевски,  Директорот на управа за јавни приходи  Сања Лукаревска, како и Советници, претставници од општинска администрација и бизнис секторот во градот, претставници од спортските клубови и федерации и спортските работници.

Се запали конзерваториумот ,,Чајковски” во Москва(ВИДЕО)

Рано утрово се запали зградата на државниот конзеравториум ,,Чајковски” во Москва.

Според медиумите , нема повредени во пожарот , а штетата дополнително ќе се утврдува.

На самото место пожарот го гаснат 15 противпожарни тимови.

Куба на референдум – капитализам или социјализам

Над 8 милиони Кубанци утре излегуваат на референдум за новиот Устав , кој и покрај измените , го задржува социјалистичкото уредување на државата.

Новиот Устав на Куба би требало да го замени оној од 1976 , во кој ќе се признае приватната сопственост и странски вложувања. Граѓаните ќе треба да одговорат на прашањето ,,Дали ќе го ратификувате новиот Устав на Републиката”.

Власта , предводена од претседателот Мигел Дијаз Канел лобира како никогаш до сега за одговорот ,,да” , со реклами на сите ѕидови , автобуси , во медиумите и на социјалните мрежи.

Опозицијата , пак ги повикува луѓето да гласаат ,,не”. Според анкетите , 70 до 80 проценти од граѓантите се за измени на Уставот , а првите резултати ќе бидат познати в понеделник попладне.

Над 100 возила изгореа на аеромитинг (ВИДЕО)

Над 100 возила изгореа за време на одржувањето на авиомитингот во близина на индискиот град Бангалуру.

Возилата биле на паркингот , кога избувнал силен пожар , предизвикан најверојатно од цигара. Поради сувата трева и силниот ветар , пожарот набргу ги зафатил возилата , во кои за сега се наведува дека немало никој.

Сопствениците на возилата го следеле аромитингот ,,Аеро Индија 2019” , кој неколку дена се одржува на аеродромот во близина на Бангалуру.

притисни ентер