Вилијамс против Кербер во финалeто на Вимблдон

Американската тенисерка Серена Вилијамс по десети пат во кариерата се пласираше во финалето на Вимблдон, откако со 2:0 (6:2, 6:4) во сетови ја совлада германската тенисерка Јулија Гергес.

Вилијамс до победата над Гергес дојде по еден час и десет минути игра.

Американската тенисерка во борбата за осмата титула на Вимблдон ќе се соочи со уште една германска тенисерка, Анџелик Кербер.

За Вилијамс ова ќе биде прво финале сезонава, откако во септември мината година стана мајка. Американската тенисерка во март годинава повторно почна да се натпреварува и ова е четврт турнир за неа.

УЕФА му се закани на ПСЖ со исфрлање од Лигата на шампионите

Француското списание ,,Екip”  објавува дека УЕФА му се заканила на клубот Пари Сен Жермен со можно исфрлање од Лигата на шампионите поради кршење на правилата за фер- плеј.

Од седиштето на УЕФА во Нион најавија дека ќе отворат истрага против одделни клубови меѓу кои и парискиот , под сомнение дека не покажале реален износ на спонзорските договори. Уште од 3 јули финансиското тело на УЕФА го проверува клубот.

Така на пример спонзорските договори со Катар девалвирале , така што во финансиската документација не биле прикажани виостинските износи , бидејќи вистинската вредност е 87 , а не 138 милиони евра ,како што било наведено.

И договорот со компанијата QTA која е главен спонзор на тимот има реална вредност од 58 милиони евра ,а биле прикажани 100 милиони.

Според тоа клубот би требало да биде во дефиоцит од 84 милиони, што е далеку над годишната граница од 30 милиони евра , дозволена од УЕФА според законот за финансиски фер – плеј.  

Три ѕвезди од Европската атлетска федерација за организацијата и квалитетот на трката „Охрид трчаТ"

Спортско-рекреативната манифестација „Охрид трчаТ" доби сертификат со три ѕвездички од Европската атлетска федерација, за квалитет на трка и организација на настан.

Рангирањето со три ѕвезди претставува успех за организаторот и атлетскиот настан, уште повеќе што тоа е стекнато веќе со второто издание на овој сега најмасовен спортско-рекреативен настан во Охрид.

Директорот на трката, Иван Цветкоски изјави дека препознавањето на трката од Европската атлетика како настан и организација дополнително ги мотивира да ја градат спортската манифестација „Охрид трчаТ" заедно со сите партнери, пријатели, волонтери, соработници и поддржувачи на уште повисоко ниво со цел веќе од 2020 година да ги добијат максималните пет sвезди за квалитет на настан.

-За нас како организатори на трката, сертификатот за квалитет на трка и организација претставува голем мотив за иднината на настанот, за кредибилитетот наш, за професионализмот. Дополнително овој сертификат обезбедува сигурност за тркачите, за сите учесници, што сигурно ќе овозможи да бидеме уште повеќе прифатени од тркачката заедница, граѓаните и сите подржувачи, изјави Цветкоски.

Следното трето издание на „Охрид трчаТ" ќе се одржи на 2 јуни, а пријавувањето со многу новитети и изненадувања ќе започне во најскоро време. 

Надал и Ѓоковиќ сепак ќе се соочат на егзибиционен турнир

Рафаел Надал , и покрај најавите за повреда , ќе настапи на егзибициониот турнир во Обединетите Арапски Емирати заедно со Новак Ѓоковиќ.

Турнирот ќе се одржи на 27 декември во Абу Даби. Овој турнир се игра само пет дена по оној во Саудиска Арабија , каде Надал го откажа учеството поради повреда.

По потврдата дека ќе може да учествува во Абу Даби спортската јавност се прашува дали вистинската причина за откажување на учеството на Надал е убиството на новинарот Џамал Кашоги , а не повредата.

Тој само пет дена подоцна ќе настапи со Ѓоковиќ во егзибициониот меч во Абу Даби , каде ќе учествуваат и Кевин Андерсон , Хјеон Чунг, Доминик Тим и Карен Хачанов.

притисни ентер