Има ли проблеми во рајот – Ријана во кавга со момчето (ФОТО)

Папараците ја фатија кавгата на поп ѕвездата Ријана со момчето , милијардерот Хасан Џамил.

Како што јавуваат американските таблоиди , за време на одморот во прекрасната Порто Ваљерта , Мексико ,

Ријана се расправа со момчето. 29- годишниот милијардер Хасан е фотографиран како нешто жолчно со подигнат прст и објаснува на Ријана  , која изгледа многу налутено.

Очигледно , има пробелми во рајот , но не се знае поради што се скарала славната двојка.

Минатиот месец се појавија информации дека на поп дивата и здодеало момчето – милијардер и дека нивната врска е во криза. Но , како ќе се развива врската на Ријана и Хасан , не е тешко да се претпостави , пишуваат таблоидите.

Откриен кратер широк 31 километар под мразот на Гренланд

Голем кратер , широк 31 километар откриен е под 0,8 километри дебелиот лед на Гренланд.

Кратерот изгледа како да се формирал со пад на железен метеор , кој се забил со брзина од 19 километри во секунда . Според првите проценки до ударот дошло пред околу 12 000 години.

Ударот на вселенскиот камен произвел енергија поголема отколку од 47 нуклеарни бомби , фрлени 1945 врз Хирошима.

При тоа се стопиле големи количества мраз , слатката вода протекла во океаните , а парчињата мраз биле однесени во атмосферата.

,, Би морале да истражувате 40 милиони години наназад за да најдете кратер со иста големина , затоа ова е реткост во историјата на Земјата. “ , изјави професорот Курт Краер од Природнонаучниот музеј во Копенхаген.

Португалка родила бебе и две години го криела по багажници и подруми

Во Франција почна судењето на жена од Португалија , која родила бебе и две години го чувала изолирано од светот.

Нејзиниот партнер , како и сестра и изјавиле дека немале поим дека таа има бебе покрај трите други деца. Роса Мариа Да Круз и нејзиниот партнер се Португалци , кои живеат во централна Франција . Жената го криела ќеркичето  во нечист  багажник или во темен подрум, поради што судот ја обвинува дека бебето може да има последици по развојот.  

Роса Мариа има 50 години , а во 2013 ќеркичката Серена  била најдена во нечист багажник на стар автомобил. Бебето го нашол автомеханичарот , кому жената му го дала автомобилот на поправка. Бебето било голо , нечисто и дехидрирано , опкружено со црви и измет.

Според исакзите на членовите на нејзиното семејство , се чини дека жената била одлична мајка на другите три деца. Тие се навозраст од 9 , 14 и 15 години , но властите им забрануиле да имаат каков било контакт со Серена , запуштеното девојче , кое сега има седум години и живее со старатели.

Девојчето , како последица од лошите услови како бебе , сега има ментални проблеми , како и аутизам , за што докторите сметаат дека настанал како резултат на лишување од чувствата во раните месеци од животот.  

притисни ентер