Суперлуксузна верзија на Мерцедес пик ап (ФОТО)

Новата суперлуксузна верзија на Мерцедесевиот пим ап чини 105  000 евра во основната верзија.

Фирмата Carlex Design го подвргна Mercedes X класа на специјален третман за сите кои сакаат нивниот пик ап да се разликуваат од сериските.

Некои би рекле дека Mercedes X не е ништо друго туку преправен Nissan Navara со додатни стилски интервенции и трокраки ѕвезди на маската. Carlex Design не мисли така туку на Mercedes X гледа потенцијал за доработка по која сопствениците на овој пик ап ќе уживаат во луксузот како во Maybach.

Токму Maybach беше инспирација за стилските детали на каросеријата и во кабината на овој модифициран пик ап. Ова задоволство ќе ги чини 105 000 евра во основна верзија , а по желба клиентите може да потрошат и повеќе пари , зашто секоја барана модификација се прифаќа.

Стилски дотераниот Mercedes X потсетува на Maybach S650 Cabrio.Тоа се однесува на тркалата и на предниот дел на возилото. Carlex својата верзија на X класата ја нарече  “Yachting Edition”, па на промотивните фотографии возилото е во друштво со јахта.

Стотина прегладнети и жедни кученца случајно најдени при рутинска полициска контрола

Словенечката полиција стопирала италијанско комбе , зашто немало вињета за платена патарина , кога слушнале чудни звуци.

Двајца Италијани биле сопрени во близна на граничниот премин нај Марибор , поради тоа што немале вињета за платени патарини. Полицајците слушнале чудни звуци од комбето и откако го отвориле , виделе страшна глетка.

Во кутии нашле 107 мали кученца и едно угинато од глад и жед. На шверцерите на возраст од 45 и 50 години им била наплатена казна од 800 евра и биле пуштени да продолжат со патувањето .

Кученцата се сместени во прифатилиште . Тие немале ниту пасоши на ЕУ , ниту потврди за вакцинација , а биле измачени од глад и жед.

Италијаните за овие кученца на црниот пазар можеле да заработат 60 тина илјади евра.

Според локалните медиуми , словенечката полиција годишно има по околу 300 слични интервенции на недозволено превезување на кучиња или илегална трговија со животни.

Сексипилна фотографија на Џеј Ло со 3,5 милиони лајкови

Музичката ѕвезда Џенифер Лопез не престанува да ги излудува фановите на социјалните мрежи .

Популарната Џеј Ло објави фотографија на која е облечена во едноделен костим за капење. Дури тука доаѓаат до израз облините на пејачката , кој и покрај тоа што има 49 години , може да се мери со далеку помлади.

За фотографијата на Инстаграм доби 3,5 милиони лајкови и огромен број позитивни коментари и комплименти.

Потресна фотографија предизвика невидена хуманост - собрани 44 000 долари за еден ден

За еден ден се собрани 44 000 долари , откако беше објавена трогателната фотографија на малото момче кое плаче врз својот татко , кој загинал при работа.

Индискиот новинар Шива Сунија ја сликал фотографијата со малото момче и ја објавил сторијатаз а загинатиот татко и неговото семејство. Тој имал само 27 години , кога загинал како чистач на канализациската мрежа во Делхи , каде пропаднал во дупка. Јажето со кое се спуштал во канализацијата , за да ја чисти , се скинало и работникот загинал на самото место .

Освен малото момче , работникот имал уште две мали ќеркички , едната седум , а другата три години . да биде трагедијата поголема , пред неколку дена му починало четиримесечно бебе , зашто немале пари за лекови.

Новинарот сакал да направи сторија за лошите услови за работа во градските служби , но кога го видел детенцето како плаче по татко му , му се стегнало срцето .

Семејството немало пари ниту за кремирање на телото на загинатиот , па позајмиле од соседите. Фотографијата , новинарот на Хинрустан Тајмс ја споделил на социјалните мрежи и веднаш почнале да пристигнуваат пари од хуманите од цела Индија.

За само еден ден биле собрани 44 000 долари , доволна сума за живот на сиромашното семејство без татко.

притисни ентер