Не ги оправда очекувањата, никој не го сака најевтиниот автомобил на светот

Индискиот автомобил Тата Нано во 2008 година помпезно беше најавуван како најевтиниот автомобил на светот, со цена од само 2000 долари.

Десет години подоцна, кога моделот требаше да стане бестселер во Индија тој не ги оправда очекувањата.

Пред една деценија кога стартуваше неговото производство, производителите се надеваа дека Тата Нано како мал градски автомобил благодарејќи и на малата цена ќе се продава „како алва“.Посебно во држава како Индија.

Како втората земја на светото според бројот на население во која безбедносните стандарди во сообраќајот не се толку високи се чинеше дека Индија е идеална за мал автомобил со 4 врати.

Нано требаше да биде замена за мотоциклите скутери кои многу се возат во Индија. Но, пресметките кои се далеку од очекувањата покажуваат нешто друго. Според „Аутомотиве Њуз“ продажбата на Тата Нано е далеку под очекувањата, и најверојатно овој мал автомобил ќе престане да се произведува и продава во овој облик најдоцна до 2020 година.

Дури и унапредената верзија на Нано Ген Х лансирана во 2015 по цена од 3125 долари , што и понатаму е евтина цена за автомобил не ги даде посакуваните резултати.

Индијците кои имаа средства да си купат Нано најверојатно не сакаа да бидат поврзувани со нешто што се рекламира како „најевтиниот автомобил на светот“.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер