Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, за прославата организирана од владата по повод поканата за членство во НАТО, стои дека Зоран Заев и СДСМ добија едно големо - НЕ - од народот за нивните антидржавни политики, неспособност и расипништво.
Народот го покажа своето незадоволство од капитулантскиот договор со Грција кој го потпиша Димитров, под покровителство на Зоран Заев. Договор со кој СДСМ и Заев се откажаа од се што е македонско, македонскиот јазик, идентитет, име, нашата историја, но и иднина. Народот го искажа својот револт и за состојбата во судството. За сите нарачани пресуди во политички монтираните случаи, за сите ослободени криминалци и за неправдата која царува во државата.
Народот покажа дека му е доста од оваа ненародна власт која мора да замине. Македонија ќе победи, стои во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.