Прометот во индустријата бележи раст на странските пазари, а опаѓање на домашниот

Прометот во индустријата во мај годинава во однос на мај лани бележи раст од 8,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, бележи раст кај интермедијарните производи, освен енергија за 4,3 проценти, капитални производи за 13 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.1 процент, додека опаѓање бележи кај тTрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 процент.

Прометот во индустријата, во мај 2018 година, во однос на април 2018 година, бележи раст од 9,8 прценти, додека во периодот јануари - мај 2018 година, во однос на периодот јануари - мај 2017 година, раст од 10,2 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во бележи намалува за 1,4 процент, додека на странските пазари бележи раст од 11,3 отсто. /МИА

ДУИ: Загрижени сме од апстиненцијата на ВМРО за членство на Косово во Советот на Европа

ВМРО-ДПМНЕ, освен што планира изолација од Европската Унија, истото го сака и со соседните земји на Македонија.

По замрзнатите односи со соседна Бугарија, ВМРО и Мицкоски сакаат да ја вратат државата во состојбата од пред 2008 година.

Конкретно, денеска пратеникот, воедно потпретседател на ВМРО, Александар Николовски, ниту неговиот заменик Владо Мисајловски, не отпатуваа во Стразбург на состанокот на Парламентарното собрание на Европскиот совет, каде што беше објавена препораката за Косово да се приклучи на Советот на Европа.

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за политиката на поделби и изолација на ВМРО и Мицкоски, притоа отворено прокламирајќи ја руската и српската политика во однос на Република Косово и Албанците воопшто.

Исто така, ја повикуваме албанската опозиција да ги поддржи политиките и ставовите на нашите меѓународни партнери и да не промовира проруски политики кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија и регионот во целина.

Во оваа прилика ги повикуваме граѓаните масовно да ја поддржат кандидатурата на д-р Бујар Османи за претседател на државата и Европскиот фронт како единствена изборна коалиција која го продолжува патот за брзо членство во Европската Унија и за блиска соработка меѓу земјите од Западен Балкан, се наведува во партиското соопштение.

Костов: На Османи не му е прв пат да се истрчува

„Мислејќи дека ќе стане голем дипломат, даде изјава што е рамна на дипломатски скандал“

Бидејќи сме во избори и при техничка влада, не сум сигурен колкав политички и дипломатски капацитет има министерот за надворешни Османи, да се меша во многу сензитивни прашања на нашите соседи и тоа фаќа страна се' во одбрана на каузата во Косово. На Османи не му е прв пат да се истрчува. мслејќи дека ќе стане голем дипломат, даде изјава што е рамна на дипломатски скандал. Да го потсетам дека во БиХ многу одамна се случуваше војна и за таа Сребреница,за која што многу жалам падна министер дури и влада на Хоалндија, а врховниот суд призна делумна вина за т.н. геноцид таму и лично мислам дека меѓународните органи треба добро да ги истераат работите. Таму призната е делумна вина и на Холандија и на ОН и ние не треба да истрчуваме да зборуваме за еден геноцид, а што правиме за злосторствата во Србија, праша Сотир Костов во Само Вистина. Ајде да си ги гледаме изборите и да си избереме Претседател, а по оваа изјава Османи си ги запечати изборите, нема да влезе во вториот круг кој што тој сигурно го најавува, а не му е така лоша кампања. Сега вака не скара со еден сосед, а претходно истото го направи и со Бугарија, рече Костов.

Влада: Поради изборите 24 април и 8 мај ќе бидат неработни денови и нема да се одработуваат

Владата денеска во рамки на 16. седница донесе одлука 24 април (среда) и 8 мај (среда) да бидат неработни денови заради непречено спроведување на изборите за претседател и за пратеници. 

Како што се наведува во соопштението од седницата на Владата, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат.

Денешната владина одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Македонија.

притисни ентер