Над 30 луѓе се уште се во притвор по прославата за титулата на Франција

Интензивните прослави во Франција по освојувањето на втората светска титула прераснаа во немири и на крајот излезе дека има двајца загинати и неколку повредени.

Во радост, некои почнаа да го демолираат општинскиот и државниот имот, што доведе до масовни апсења.

Речиси 48 часа по забавата во земјата, што прерасна во немири, во притвор има уште 31 лице. Меѓу нив се и осум малолетни лица.

Сепак, бројката падна драматично по првичните апсења. Во понеделникот, кога екстазата на навивачите беше на врвно ниво, 292 лица завршија зад решетки, и тоа само во главниот град Париз.

Најголеми прекршоци на среќните Французи биле уништувањето на прозорците на продавниците на „Шанзелизе“. Од ова, сепак, корист имале и крадци, кои извршиле грабеж во дел од нив. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Полнети бабури со просо

Во среда (17.04.2024) во емисијата гостин ни беше Тања Турунџиева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 главица кромид

2 моркова

1 црвена пиперка

1 црвен домат

1 главица лук

1 китка магдонос

3 бабури

САЛАТА

1 марула

1 краставица

1 брокула

1 карфиол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција

 Во турскиот град Токат денеска се регистрирани повеќе од 20 земјотреси, а најсилните беа со интензитет од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес бил во еден часот и шест минути по полноќ на длабочина од 9,97 километри, а вториот во два часот и 35 минути на длабочина од седум километри, соопшти турска Служба за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).

Гувернерот на Токат, Нуман Хатипоглу изјави дека земјотресите не предизвикале жртви и материјална штета.

Бесплатен влез на Кокино, АСНОМ и музејска поставка Куманово

Бесплатен влез на Кокино, АСНОМ и музејска поставка Куманово по повод Меѓународен ден на спомениците и локалитетите.

Кумановци денеска можат бесплатно да ги посетат музејската поставка, АСНОМ и Кокино, по повод 18-ти април, Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, соопштија денеска надлежните од НУ Музеј Куманово. Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со локалното културно наследство.

-Во чест на Светскиот ден на спомениците и локалитетите 18 април влезот ќе биде слободен за сите посетители на постојаната музејска поставка, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и архео-астрономскиот локалитет Кокино. Иницијативата и идејата е на Министерството за култура. Со ваквата активност не се афирмира само светскиот ден на спомениците, туку и нашите локалитети и споменици ширум државата, изјави директорката на НУ Музеј Куманово, Марија Миљуш Божурска.

Таа ги повика кумановци да ги посетат локалитетите, да се информираат и да го запознаат локалното културно наследство.

-Водичи вработени во музејот ќе бидат на музејската поставка и на АСНОМ и се отворени да одговорат на прашања. Очекуваме посета од сите особено од учениците, студентите, повозрасните, рече Миљуш Божурска

притисни ентер