Пратениците попладнево ќе расправаат за измените на Изборниот законик во делот за ДИК

Собранието на Република Македонија денеска треба да го одржи продолжението на 53. седница на која на дневен ред се измените на Изборниот законик.

Собранието на Република Македонија денеска треба да го одржи продолжението на 53. седница на која на дневен ред се измените на Изборниот законик, во делот на избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК), кои се носат по скратена постапка.

Поради немање кворум, претедателот на Собранието Талат Џафери седницата ја одложи за 15 часот. Воедно, ги повика координаторите да ги повикаат пратениците да обезбедат присуство за работен кворум.

На седницата не присуствуваат пратениците од опозицијата кои се изјаснија дека не се согласуваат со предложените измени бидејќи се носат без консултации и без нивна поддршка и на вчерашната седница побараа точката да биде тргната од дневниот ред.

Од пратеничката група на СДСМ, пак, порачаа дека измените се носат поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, која велат сега не сака референдум, а десет години претходно се изјаснувале дека тоа е највисокото демократско средство за изјаснување за прашањето за името.

Владата вчера предложи измени на Изборниот законик, по скратена постапка со кои се бара ДИК да се бира со 61 пратеник, наместо со двотретинско мнозинство и бришење на ставот со кој се предвидува Комисијата за прашања на изборите и именувањата да го гледа предлог-законот. Измените се предложени со европско знаменце. Власта, како што беше потенцирано, сака да се надмине блокадата на процесот за избор на членови на ДИК од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог-законот за измени и дополнувања на Изборниот законик е предложен како 12. точка на дневниот ред на 53. седница. /МИА

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

Добар ден на сите, благодарам на интересот. Денеска е посебен ден, денеска е убав ден, сончев ден, ден кога треба граѓаните да излезат и да гласаат. Ден кога сета сила е во рацете на граѓаните.

Оние малкумина 100-тина души кои што изминатиот период одлучуваа за судбината на граѓаните сега се безгласна буква.

Денеска граѓаните се тие кои што одлучуваат за иднината на своите семејства, иднината на Македонија, иднината на своите деца.

И затоа мојата порака денеска од овде е да се излезе, да се гласа, секој да одвои десетина минути од своето време. Бидејќи на тој начин одлучува за иднината на своите деца, своето семејство и иднината на Македонија.

Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни.

Затоа уште еднашка повикувам на масовна излезност и ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат и заеднички да ја определиме траекторијата по која што Македонија ќе се движи во иднина, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гласањето.

Затворени се гласачките места, ДИК во 19.30 ќе ги соопшти резултатите за излезноста

Во 19.00 се затворени гласачките места низ целата држава, освен на три места во Куманово , каде што гласањето е прекинато во текот на денот.

Во ОУ Песталоци во Центар е Михајло Видимлиски.

Фото: Прва објава на Кејт Мидлтон на Инстаграм по дијагнозата

Принцот Луис го слави својот шести роденден, а по тој повод неговиот портрет е објавен на официјалниот Инстаграм профил на принцезата и принцот од Велс.

Портретот го направи принцезата од Велс Кејт Мидлтон, а тоа е нејзина прва објава откако објави дека и е дијагностициран рак. „Среќен 6-ти роденден на принцот Луис! Ви благодариме за сите убави желби“, гласеше натписот.

Да потсетиме, за Денот на мајката, Кејт Мидлтон објави заедничка фотографија со своите деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, а фотографијата крена голема прашина поради многуте монтирани детали. Откако светските медиумски агенции ја повлекоа фотографијата, таа призна дека фотографијата е фотошопирана и се извини за хаосот што го направила. Не долго потоа, Кејт ја објави веста за дијагнозата.

Инаку, Кејт во претходните интервјуа откри дека родендените на своите деца ги слави точно на полноќ и дека секогаш им подготвува торта, а многумина се прашуваат дали оваа година ќе успее да ја задржи традицијата.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер