Мицкоски: До 10-ти септември ќе соопштиме дали ќе повикаме на бојкот или не

ВМРО-ДПМНЕ до десетти септември односно до почетокот на кампањата за референдумот, ќе го соопшти својот став дали ќе повика на бојкот или да се излези и да се гласа против.

Лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Канал 5 потврдува дека добил понуда за влез во владата но демантира дека барал измени на кривичниот законик кој би значеле амнестија за претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев на средба со граѓани на Кисела Вода

​Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска беше во посета на општина Кисела Вода каде се сретна со жители од населбата Драчево. 

На средбата со граѓаните Заев се запозна изворно со проблемите на многубројните граѓани и разговараше за можните и ефикасни решенија кои се во интерес на граѓаните го засегаат нивното секојдневие.

Меѓудругото Заев се сретна и со пазарџиите на пазарот во Драчево со кои разговараше за економските политики на владата на СДСМ кои овозможуваат подобри услови за работа и можности на раст на нивните микро бизниси.

Претседателот Заев се осврна и на политиките во земјоделството спроведени од страна на Владата предводена од СДСМ.

– Во две и пол години мандат како Влада презедовме сериозни чекори кои го унапредуваат земјоделството и го враќаат достоинството на земјоделците. Низ партнерски однос со земјоделците успеавме да ги надминеме предизвиците околу откупот на земјоделските производи, откупот денес е навремен и целосен, а цените на производите растат. Тоа е важно не само за земјоделците туку и за пазарџиите кои преку оваа чесна и почитувана професија се активни учесници во нашата економија, посочи претседателот Заев.

Претседателот Заев ја посети и точката на која е започната реконструкцијата на патот кон локалитетот „Три круши" во времето додека ја предводеше владата на СДСМ, а е реализирана со средства од инвестиции од општината и државата.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

МИОА:Се почитуваат постапките за внатрешната организација и систематизација на работните места

МИОА спроведувајќи ги своите надлежности што произлегуваат од ЗАС и ЗВЈС води сметка за почитување на постапките за донесување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места.

Министерството за информатичко општество и администрација, спроведувајќи ги своите надлежности што произлегуваат од ЗАС и ЗВЈС води сметка за почитување на постапките за донесување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, како и за донесување на годишните планови за вработувања, се наведува во реакцијата на МИОА на прес-конференцијата на дополнителниот заменик министер Невенка Стаменковска Стојковски.

Во реакцијата се појаснува дека во однос на актите за внатрешна организација и ситематизација, секогаш се внимава доколку има отстапување во бројот на работни места во однос на законски утвредните ограничувања, истото да е направенo врз основа на внатрешна функционална анализа и одобрено  и од страна на Министерството за финансии, базирано врз докази.

-Што се однесува до годишните планови, додаваат, законска обврска на МИОА  е да провери дали сите чекори во постапката  се согласно Законот за вработени во јавниот сектор и Методологијата за донесување на годишен план се испочитувани, без да навлегува во содржината на планот, што е изворно право на раководните лица на институциите, односно во потребите за нови вработувања или унапредувања, базирани на стратешките приоритети и буџетските можности. /МИА

Прагот на алармирање во Скопје и Тетово надминат два последователни дена

Во Скопје и Тетово трет ден не се дише.

Попладнево и Владата и Град Скопје ги активираат мерките за заштита. Јован Ѓорговски известува за мерките, што конкретно се презема?

Повеќе детали во видеото.

притисни ентер