И натаму граѓаните на Македонија ќе имаат можност за евтини авиобилети

Веста дека единствената авиокомпанија со евтини летови од Македонија, ќе суспендира од октомврилинии ,го подигна нивото на коментари на јавните мрежи. Од владата смируваат дека наредните денови ќе се распише нов тендер за избор на компанија. 

Евтини летови до Барселона, Лондон и Ваксјо само до октомври годинава. Единствената нискобуџетна авиокомпанија во земјава ги укинува своите летови до овие локации. На официјалната веб страна од компанијата не може да се резервираат билети за овие дестинации. Последниот лет Скопје- Барселона е за 26ти октомври, а Охрид-Лондон 24ти октомври. Билети нема да има ниту за Скопје - Ваксјо во Шведска. Резервации за таму има се до 16ти септември.

Официјален став од компанијата зошто се укинуват летовите - нема.

Канал 5 се обиде да стапи во контакт, но до емитување на прилогот одговор не добивме.

Претходно Министерството за транспорт го поништи последниот јавен повик за доделување субвенции на кој единствена пријавена авиокомпанија беше токму ВизЕр, поради технички пропуст во апликацијата на единствениот кандидат. Министерот Сугарески вели дека во најкус рок ќе биде објавен следниот јавен повик.

,, На предлог на комисијата за евалуација што ги прибираше понудите за нискобуџетни комапнии, поради одредени технички пропусти коишто фалеле, предлог решение даде комисијата за поништување на постапката. Нашите очекувања се дека најбрзо, зборуваме за денови ќе биде повторно распишан јавен повик на кои што ќе ги повикаме сите компании, нискобуџетни да аплицираат на тој јавен повик. Горан Сугарески, министер за транспорт и врски

Веста предизвика вистински бум и на социјалните мрежи. Граѓаните коментират... „Кога ќе заврши авио редоследот за 2018-та ќе бидеме среќни ако имаме 10 лета неделно од скопскиот аеродром. “„Дечки од ЕУ ќе ги гледаме Солун и Банско...“ „Глејте да ги истерате Виз Ер па да треба да тераме викенди у Пехчево“

Инаку Авиокомпанијата од македонската влада како субвенции досега добила 8,9 милиони евра.

На последниот јавен повик од транспорт, како нов услов беше разработување на Охридскиот аеродром. Предвидени беа 5 милиони евра субвенции од буџетот за три години. За секоја нова дестинација субвенција од 40 илјади евра, а освен за нови линии, предвидени беа и пари за секој превезен патник.

Бразилка ќе оди во затвор, зашто на познат пејач за еден месец му испратила 8.000 писма

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

Но, тоа не е сѐ, Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

- Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим“, изјави извор близок до Стајлс.

Нејзе ѝ е забрането да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. 

Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.

„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски, соопштуваат од неговиот тим.

Портокалова велосипедска тура, изложба на карикатури и холандски пазар на Деновите на Холандија

По повод националниот ден на Холандија – Денот на Кралот, Амбасадата заедно со своите партнери го отвори второто издание на „Денови на Холандија“ во Ист Гејт Мол во Скопје. 

Амбасадорот Дирк Јан Коп и извршниот директор на Ист Гејт Мол Игор Давков ги пречекаа посетителите со посебно искуство кое вклучуваше портокалова велосипедска тура, изложба на декорирани велосипеди, филмови во виртуелна реалност и холандски пазар.

Настанот започна со симболична портокалова велосипедска тура и изложба на велосипеди декорирани од средношколци од Скопје во организација на Гоу грин – Биди зелен. Покрај автентичните холандски производи во понудата на холандскиот пазар беа вклучени и локални продукти произведени со холандска технологија.

Во рамките на отворањето амбасадорот Коп ги објави и победниците на регионалниот натпревар за карикатури организиран од холандското Министерство за надворешни работи и организацијата Картун мувмент. Независно жири составено од претставници од сите шест држави од Западен Балкан ја додели првата награда на Душан Перишиќ од Србија а втората награда на Арменд Ајредини од Македонија.

Холандскиот пазар ќе биде отворен овој викенд (19-21 април) од 12:00 до 18:00 часот. Изложбата на карикатури може да се посети до крајот на април.

притисни ентер