По Редфорд, уште еден легендарен актер оди во пензија

По Роберт Редфорд , пензија најави и холивудскиот актер Мајкл Кејн.

,, Се уште не ме пензионирале , но чуствувам дека е дојден крајот . Станување во 6.30 и учење дијалози на памет не е моја слика на рајот .”, вели актерот. Британскиот актер во интервју за Мирор вели дека вратите му се затворале кога наполнил 70 години. Тогаш добил улога во филмот ,,Бетмен. Почеток” . Со тој филм на Кристофер Нолан пак ја почнал кариерата.

Вели дека своите најдобри филмови ги снимил како седумдесетгодишник. Во тој период снимил седум одлични филмови. Вели дека во кариерата глумел во 167 филмови. Но и покрај ,,новата кариера” , Кејн вели дека е време да се пензионира. Тој се движи со помош на бастун , откако лани го скрши глуждот на ногата, а потоа и премина на здрава исхрана , престана да пие.

Поддршката за новиот начин на живот ја добива од сопругата Шакира (71). Сепак , во моментов не застанува со снимање . наскоро ќе се појави во филмовите ,,Крал на крадците” и во ,,Четири деца и тоа” .

На патот Крива Паланка–ГП Деве Баир да се управува внимателно, се работи на патот и има одрони

ЈП Македонијапат соопшти дека на магистралниот пат А2 Крива Паланка – ГП Деве Баир поради работи на патот и позачестени одрони треба крајно внимателно да се управува со возилата за своја и за општа безбедност.

На одредени места, се наведува во соопштението, е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Украина, Блискиот Исток и проширувањето на ЕУ меѓу темите на заседанието на ГАК

Покрај тоа, учесниците на заседанието ќе разменат мислења и за иднината на Европа, со посебен акцент на внатрешните реформи на Унијата со цел таа да се прилагоди за прием на нови членки. 

Подготовките за средбата на шефовите на држави или влади на членките на Унијата закажана за 21 и 22 март се главна тема на денешното заседание на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) во Брисел, со кое ќе претседава белгиската министерка за надворешни и европски работи и надворешна трговија Хаџа Лабиб.

Министрите или државните секретари задолжени за европски прашања на земјите членки на Унијата во тој контекст ќе дебатираат за нацрт-заклучоците за Самитот посветени на состојбите во Украина и на Блискиот Исток, проширувањето на ЕУ, безбедноста и одбраната и на земјоделската политика.

На заседанието на Советот ќе стане збор и за Европскиот семестар за 2024 година, односно за рамката за социо-економските политики на ЕУ, при што министрите ќе го разгледаат извештајот на белгиското претседателство за досега реализираните планови, како и за следните чекори во процесот. Во овој дел од состанок, Советот ќе ја разгледа и Нацрт-препораката за економската политика на Еврозоната, која би требало да биде усвоена на претстојниот Самит на ЕУ.

Покрај тоа, учесниците на заседанието ќе разменат мислења и за иднината на Европа, со посебен акцент на внатрешните реформи на Унијата со цел таа да се прилагоди за прием на нови членки.

Роналдо ќе го пропушти натпреварот на Португалија против Шведска

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо ќе го пропушти пријателскиот натпревар со Шведска, објави „ESPN“. Португалскиот селектор Роберто Мартинез ќе му даде малку одмор на 39-годишниот напаѓач. 

Роналдо ќе му се приклучи на националниот тим во пресрет на натпреварот против Словенија.

Репрезентацијата на Португалија на 21 март ќе игра на домашен терен против Шведска, а на 26 март ќе се соочи со Словенија на гостински терен.

Во досегашната 21-годишна репрезентативна кариера Роналдо има одиграно 205 натпревари и постигнато 128 голови.

притисни ентер