Се бара мијач на садови за плата од 22 000 евра

Бакингамската палата објави оглас за мијач на садови во кујната , нудејќи им на кандидатите плата од 22 000 евра годишно.

Покрај платата , мијачот ќе добива и бесплатен оброк. На сајтотот Ројал хаусхолд е објавен конкурсот неделава и во него се наведува дека е потребен нов член во кујната за да се обезбеди вонредно добра услуга

Во огласот се наведува дека не е потребно искуство , но е потребен тимски играч со иницијатива.

Поранешниот шеф на кујната , Дарен Мекгрејди изјави дека британската кралска палата е одлично место за работа.

Како реагира Русин кога пајак му го дига автомобилот (ВИДЕО)

Бегство со автомобилот качен на пајак возило , не е најпаметна опција , но тоа не му пречи на Русин , кој решил да си ја врати својата Киа.

Спуштање на автомобил од пајак возило не е најпаметна опција , зашто штетата сигурно ќе чини далеку повеќе отколку казната за непрописно паркирање. Во овој случај возачот дури и не бил формален сопственик на автомобилот.

Кога полицијата на аеродромот во Москва му ги побарала документите нервозниот Русин дал документи од друг сопственик , од кого штотуку ја купил и немал време за да ги префрли на свое име. Не помогнало ниту тоа што телефонски го побарал сопственикот. Пајакот го подигнал автомобилот , но тоа уште повеќе го изнервирало Владимир. Тој се качил на пајакот , ја стартувал Киата и избегал.

Подоцна за руските медиуми изјавил дека автомобилот не претрпел голема штета и дека има сопствен сервис за да го поправи , а му било важно само да не го оштети пајакот , за да не плаќа дополнителна казна.

Населба во Турција полна со напуштени вили изгледа како гробишта за дворци (видео)

Проектот е замислен како ексклузивна населба со вили изградени во готски стил.

Населбата „Бурџ Ал Бабас“ во Турција наликува како гробишта на мали дворци.

Проектот е замислен како ексклузивна населба со вили изградени во готски стил, но плановите се изјаловиле и од сето тоа останале само гротескни вили кои делуваат страшно.

Во проектот, кој ги таргетирал првенствено клиентите од странските пазари, вложени се повеќе од 203 милиони долари, а сега е во застој, како и многу други градежни проекти во таа земја, пренесуваат медиумите.

Проектот „Бурџ Ал Бабас Сарот“ е замислен како населба со 732 вили, хотел, џамија и јавни простори во покраината Бол.

Изградбата била започната во 2011  година, а за вили главно се интересирале Арапите. Меѓутоа, работите станале комплицирани кога против инвеститорите било подигнато обвинение поради наводно уништување на локалните шуми и фрлањето отпад на локалното подрачје.

Во 2016 година започната е истрага, а пред да биде завршен проектот, компанијата прогласила банкрот и продажбата на вили е стопирана.

 

Завршени се 250 вили, а судот сега дозволил продолжување на продажбата, пренесуваат медиумите.

Сопругата на славниот хрватски кошаркар објави фотографија на која е целосно разголена (фото)

Поранешната манекенка и мисица, како и сопруга на познатиот кошаркар Дино Раџа, Викотрија, во “10 Years Challenge” се придружи со црно-бела фотографија на која позира потполно гола.

На неа атрактивната Далматинка градите ги прекрива со косата и со рацете и позира само во штикли, а јасно се гледа пирсингот на папокот.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#tenyearchallenge uz ovu se ne isplati stavljat od danas🤦🏻‍♀️🖖🏻 #fotoshoting #10yearchallenge #tb

A post shared by Viktorija7 (@viktorija7777) on


Да потсетиме, таа кошаркарот наводно го освоила при нивната првата средба во ресторан, а долго се зборуваше дека тој заради неа ја оставил првата сопруга со која има син.

Со Викотрија пак доби уште два сина, а се венчаа во 2001 година.

 

притисни ентер