Нетанјаху по телефонскиот разговор со Путин : Сирија е виновна за авионот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху го побарал на телефонски разговор рускиот претседател Владимир Путин , по соборувањето на воениот авион во кој загинаа 14 војници , членови на екипажот.

Нетанијаху му рекол на Путин дека Сирија е виновна за соборувањето на рускиот воен авион. Израелскиот премиер ги понудил сите неопходни информации потребни во истрагата во врска со соборувањето на авионот , соопшти канцеларијата на Нетанијаху. Путин претходно изјави дека соборувањето на авионот со сириска ракета е ,,сплет на трагични околности” . Тој на прес конференцијата со унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека израелските авиони не го собориле рускиот .

,, Се разбира дека мораме најсерионо да анализираме што се случило . Мојот став за оваа трагедија е содржан во соопштението на Министерството за одбрана “, рече Путин.

Во соопштението се наведува дека израелскиот авион ненамерно го истуркал рускиот воен авион , а за тоа му дал помалку од една минута и пилотот на рускиот авион не можел да реагира за да ја избегне сириската ракета. Министерството за одбрана му се закани на Израел со ,,соодветни мерки". .

Стојановска: Убедливо водство на Гордана Силјановска-Давкова

Пратенилката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановсака ги објави најновите податоци за резултатите од гласањето.

Како што рече Стојановска , во водство е кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

(20.25 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 30% : Силјановска 109692 , Пендаровски 48553 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 30,23 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 109.692 гласа или 45%.

На второ место е Стево Пендаровски со 48.553 гласа, односно 19.92 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 28547 гласа или 11,71 % , Максим Димитриевски 19227 гласа или 7,89% , Арбен Таравари 18432 гласа или 7,56 % , Билјана Ванковска 11.033 гласа или 4,53 % и Стевчо Јакимовски 2482 или 1,02%.

Тошковски: Изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера

Изјава за медиуми на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Тошковски и Бојмацалиев констатираа дека денешниот изборен ден поминал во мирна, безбедна и демократска атмосфера, онака како што доликува на демократска земја која се стреми да биде дел од современиот западен свет.

притисни ентер