Торино се повлече од заедничката кандидатура за ЗОИ 2026

Торино се повлече од заедничката кандидатура со Кортина Д'Aмпецо и со Милано за организирање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 2026 година, откако не беше постигнат договор кој од трите италијански градови ќе ја има водечката улога во проектот.

Кортина Д'Aмпецо и Милано ќе се обидат да ја продолжат кандидатурата, меѓутоа проектот веќе нема да го финансира италијанската влада.

- Важен проект како организација на Олимписки игри мора да започне на здрави основи, а овде тоа го нема. Поради тоа предлогот веќе ја нема нашата поддршка, истакна државниот секретар Џанкарло Џорџети.

Меѓутоа, од Владата наведуваат дека нема да ја попречуваат кандидатурата на двата града. Италија досега двапати беше домаќин на Зимските олимписки игри - во 1956 година во Кортина и во 2006 година во Торино. 

Руските биатлонци под истрага за допинг во Австрија

Рускиот биатлонски тим е под истрага на Австрија поради сомнеж за допинг на Светското првенство во февруари 2017.

Австриското обвинителство објави денеска дека десет членови на екипата, петмина спортисти и пет члена на стручниот штаб се опфатени со истрагата , поради сомневања за тешка измама поврзана со допинг средства. Руската екипа токму сега се наоѓа во австрискиот град Хохфилзен , каде од денеска до недела се одржуваат натпреварите од Светскиот куп.

Вчера екипата ја посетија австриски истражни органи. , с енаведува во соопштението на Руската биатлонска федерација.

,, Полицајци ги испитуваа спортистите и руските стручни лица. Прашањата се однесуваа на евентуално прекршување на антидопинг правилата.”

Соопштуваат и дека немаат намера да не учествуваат на натпреварот , каде утре ќе пристигне и претседателот на федерацијата.

Мурињо ги казни играчите да тренираат на Божик

Жозе Мурињо никако не успева да го подигне својот тим Манчестер Јунајтед.

Португалецот не е во добри односи со дел од играчите , како на пример со Погба , но и резултатите не се добри. Клубот е на шесто место во Премиер лигата , нема речиси никакви шанскиз а влез во Лигата на шампионите , испадна од дербито во Купот на Европа... Сето тоа го загрижува Мурињо , кој на играчите не им даде слободен ден ниту за Божик.

Екипата ќе тренира на празникот и тоа попладне , а со тоа барање Мурињо ги изненади играчите , кои ќе мора во 17 часот да се појават на тренинг во Керингтон , по што заедно ќе вечераат и ќе преспијат во хотел.

,,Сер Алекс држеше тренизни наутро на Божик , а потоа ги пушташе играчите да одат дома и таму да го минат Божик и да вечераат со најмилите . Оваа година ќе нема славење за играчите. Веројатно пред тренингот ќе изедат некоја тестенина , а потоа божикната вечер ќе ја минат сами во хотелските соби.” , открива извор од Јунајтед за британските медиуми.  

Црвена Звезда кешираше рекордна сума од Лигата на шампионите

Српскиот првак Црвена Звезда над очекувањата игра многу добро во Лигата на шампионите.

Звезда против Ливерпул , Наполи и ПСЖ освои сензационални четири бода , особено со победата над Ливерпул со 2: 0 во Белград. Ново чудо не се случи , но сепак белградскиот тим не е незадоволен.

Црвена Звезда од телевизиските права , од три распродадени натпревари на Маракана и од наградниот фонд заработи вкупно 25,5 милиони евра , што е повеќе од двојно од годишниот буџет на клубот.

Само за пласман во Лигата на шампиони тимнот доби 15 милиони евра . Победата против Ливерпул е наградена со 2,7 милиони , а за нерешениот резултат со Наполи доби дополнителни 900 000 евра.

притисни ентер