Станари во Аеродром се евакуираа поради присуство на непознат гас

Поради остар мирис кој го отежнува дишењето вечерва беа евакуирани жителите од станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“, во скопската Општина Аеродром.

На самото место се скопскиот градоначалник , Петре Шилегов , како и инспекциски служби , кои им се придружија на припадниците на Противпожарната бригада, на полицијата и на Итната помош.  

Таму е нашиот репортер Јован Ѓорговски.

Поради сообраќајка затворен патот Крива Паланка – граничен премин Деве Баир

Магистралниот пат Крива Паланка – граничен премин Деве Баир е затворен за сообраќај поради сообраќајна несреќа меѓу две возила која се случила во местото викано Самоков, информираат од полицијата.

Од полицијата информираат дека досега нема пријавено повредени лица во сообраќајната несреќа.

Во тек е увид на сообраќајната полиција. Сообраќајот е затворен од 19.45 часот. 

Италија испрати полиција на границата со Франција

Италијанскиот министер за внатрешни работи , Матео Салвини наредил испраќање на полиција на границата со Франција , поради тоа што од соседната земја ги враќаат мигрантите во Италија.

Салвини наредил да се испратат полициски сили долж границата со Франција за да се спречи влез на мигрантите.

,, Тоа е по кој знае кој пат злоупотреба од француските власти. Тие ја искористија добрата волја на нашата полиција и затоа последиците се такви што мораме да пратиме патролни возила кои ќе ја контролираат и заштитуваат границата.” , напиша салвини на социјалните мрежи.

Салвини поставил и фотографии од местото каде што француската полиција оставила тројца мигранти на италијанска територија и потоа се вратила во Франција.

Од Француската полиција наведуваат дека лицата се вратени зашто немале документи , а земјата ги користи регулативите на ЕУ во справувањето со мигрантите.

Почина поранешниот холандски премиер , чија Влада падна поради Сребреница

Почина поранешниот холандски премир Вим Кок , во чиј мандат земјата имаше значаен економски раст , но мораше да поднесе оставка поради војската во Сребреница.

На 80 годишна возраст од срцев удар почина поранешниот холандски премиер Вим Кок,  соопштуваат од неговата лабуристичка партија.

Тој беше премиер од 1994 до 2002 , а неговата влада падна поради скандалот со учеството на холандските војници во соств на силите на Обединетите нации за време на егзодусот од Сребреница во текот на војната во поранешна Југославија .

притисни ентер