Сопруга на холивудска ѕвезда роди четири деца едноподруго и изгледа одлично (ФОТО)

Сопругата на 60 годишниот Алек Болдвин роди за многу кусо време четири деца и вели дека сака и петто бебе.

Хилариа Томас Болдвин (34) за време на шестгодишниот брак со Алек Болдвин има четири деца . Најмалото е на возраст од само четири месеци, а таа вели дека сака и петто бебе.  Најстарата ќерка Кармен има само 5 години , а помали се синовите Рафаел (3) , Леонард Ангел Чарлс (2) и најмалиот Ромео Алехандар Давид , кој има четири месеци.

Шпанската актерка , која е и фитнес и јога тренер и покрај бројните породувања, изгледа одлично. Беспрекорното тело го покажа пред некоја вечер во ресторан во Лос Анџелес , каде со сопругот беа видени на романтична вечера.

Хилариа вели дека линијата и ја должи не само на секојдневното вежбање , туку и со нејзината опседнатост со здрава храна. Со години била вегетеријанка , потоа станала веганка , а здравиот начин на живот настојува да го пренесе во семејството.

Возел Ферари со 320км/час по автопат, па завршил во притвор (ВИДЕО)

Ферари Ф40 важи за култен модел , но малкумина можеле на автопат да ја испробаат целата негова моќ .

На социјалните мрежи се појави снимка од јапонски возач , кој го вози култното Ферари со брзина од 320 км/час. Споеред квалитетот на снимката , очигледно е дека е направена поодамна , но сепак станува збор за сон на секој сопственик на вакво Ферари. Ф40 располага со V8 мотор со два турбополначи со сила од 478 КС. Моделот почна да се произведува далечната 1987 година.

Сопственикот на ова Ферари не е познато кога го снимил видеото , но се знае дека од него заработувал , зашто снимките ги продавал .

Снимката прв пат на пазарот се појавила 1990 година и е продадена во 10 000 копии , но еден од купувачите бил полицаец во цивил. Тој ја прегледал снимката , викнал засилување и го уапсиле возачот.  

102-годишна Aвстралијка скокна од авион во хуманитарни цели (ВИДЕО)

Дека никогаш не е доцна за хуманост, на оригинален начин покажа 102-годишната Австралијка Ајрин О Шеј.

Бестрашната прабаба скокна од авион од височина од 5 илјади метри со цел да собере пари во хуманитарни цели за ретка болест, од која починала нејзината ќерка..

Таа од леталото скокна со својот инструктор, со кого лесно се приземјија со помош на падобран.. Ајрин досега собрала 12.000 долари и основала страница преку која луѓето може да донираат пари на интернет.

 Со скокот, таа воедно стана и најстарата личност која скокнала од авион..

притисни ентер