Повторно отворен Музејот на илегалната работилница за изработка на оружје во Скопје од НОВ

 Културната понуда на Скопје е збогатена со Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ (1941-1944).

Музеј кој на 4 јануари годинава го отвори скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Музејот е лоциран на левиот брег на реката Вардар, зад Археолошкиот музеј на Македонија.

Посетителите во Музејот можат да ја погледнат постојаната поставка „Хероите на градот на Вардар“ и да се запознаат со историјата на антифашистичко Скопје од авторот Зоја Богдоновска, виш кустос и историчар. За изложбата е изработен и двојазичен каталог (македонско/англиски), во издание на Музејот на Град Скопје. Изложбата и каталогот се реализирани со финансиска поддршка на Град Скопје.

Историја на Меморијалниот музеј

Во услови на окупација и полициски режим, во непосредна близина на кејот и зградата на Митрополијата, на улица „Пајкова“ број 2, формирана е првата илегална работилница во градот. Задачата околу формирањето и организирањето на работилницата им била доверена на Илија Јакимовски Илчо, Роберт Гајдик и Бранислав Шикиќ, а тие задачата му ја довериле на електромеханичарот Серафим Видовски кој имал работилница во дворот на својата куќа. Оваа скромна работилница прераснала во јадро на создавање на новата историја на градот и еден од симболите за отпорот на населението против окупаторот и неговиот терор. Куќата и работилницата го дочекале ослободувањето на Македонија и опстојале се до 1965 година, но со новиот урбанистички план и изградбата на Стопанската банка во комплексот на културните институции, тие биле урнати.

Со смислена реконструкција, водена од архитектот Александар Никољоски, Заводот за заштита на спомениците на културата на Град Скопје и Музејот на Град Скопје, поради историското значење на објектот, во целост ја зачувале автентичноста на старата работилница. Овој објект во 1981 година е пренаменет во Меморијален музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ (1941-1944), како нем потсетник за хероите и борците кои пожртвувано се бореле и вршеле диверзантски акции врз надмоќниот фашистички окупатор за да ја ослободат нашата татковина.

На 13 ноември 2017 година, на Денот на ослободувањето на Скопје, градоначалникот Шилегов најави дека наскоро повторно ќе го отворат овој Музеј. Според него, Музејот неправедно бил затворен долги години поради реновирање.

- Некогаш познатата, а потоа заборавена илегална партизанска оружарница ќе биде отворена секој работен ден со дежурен кустос и ќе биде полна со ученици од Скопје, истакна тогаш Шилегов.

Во овие простории била сместена работилницата на Серафим Видовски и била опремена со најнеопходниот електромеханичарски рачен и статичен алат. За време на окупацијата, тука е формирана првата илегална работилница за оружје во градот која работела од почетокот на август до 4 декември 1941 година. Во целосно зачуваната тајна работилница е сместена новата изменета и надополнета поставка, со нови содржини кои ги пренесуваат фактите за едно историско време особено значајно за историјата на градот.

Оваа илегална работилницата била мошне скромно опремена со рѓосани делови на оружје: револвери, пушки, шмајзери и сл., но во неа се изработувале и боеви средства како конструкции на рачни бомби, пеколна машина, нагазни мини за железница и друго, кои „громогласните“ херои ги користеле во своите диверзантски акции.

Со новата изменета и надополнета поставка, чиј автор е Зоја Богдановска, виш кустос историчар, и изложувањето на деведесетина зачувани музејски експонати се будат сеќавањата за илегалната работилница што се користела за изработка на оружје за партизанските одреди со времето на Втората светска војна.

Посетителитете заинтересирани за Музејот

Разговаравме со Валентина Петровска, кустос историчар за периодот од НОВ (1941-1944) од Музејот на Град Скопје, одговорна за изложените предметите кои се дел од збирката од НОВ. Таа не информира дека постои интерес за Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје. Посетителите почнале да доаѓаат веднаш по отворањето и во текот на учебната година, а летово Музејот не работел. Досега имале околу 500 посетители. Влезот е слободен, а посетителите се главно ученици од основните и средни училишта, студенти, има и странци кои ги посетувале околните музеи, а потоа и овој музеј. Ни појасни дека заинтересираните посетители треба да бидат во група, да се јават во Музејот на Град Скопје, а таа потоа се договара со нив за термин, кога им одговара.

- Кога се отвори Музејот прво ги информиравме средните училиштата и организирано, преку професорите по историја, ни доаѓаа ученици. До јуни не посетија неколку училишта и генерално има интерес. Во Музејот можат да доѓаат ученици од основните, средните училишта, деца од претшколска возраст за кои се прилагодува програмата. Есенва очекуваме посети од сите нив, вели Петровска.

Според неа, старите скопјани и оние кои претходно го посетиле Музејот, кога прочитале дека повторно е отворен, доаѓаат и имаат коментари, пофалби дека сега е подобро.

- Има луѓе кои го посетиле Музејот бидејќи беше отворен во 1982 година и функционираше до пред четири години. Потоа требаше да се реновира просторот, да се обнови поставката, да се модернизира. Поради реновирање и осовременување на музејската поставка, Музејот беше затворен и на 4 јануари го отворивме. Тоа е една приказна која се случува во историски период, во НОВ. Интересно е за посетителите тоа што Музејот е во оригинален и автентичен простор. Има ексопонати кои се поврзани со илегалната работилница, која функционирала во тој период. Во оригинален и автентичен простор е и подрумскиот дел, и покрај тоа што е тешко за одржување таков Музеј, во такви услови, вели Петровска. Посочи дека посетителите сакаат да погледнат нешто од тој период на Скопје.

Таа додаде дека во Музејот на Град Скопје постои Одделение за едукација и преку одредени тематски работилници се работи на едукација на децата.

- Музеите се создадени не само за да се види нешто, туку и да се научи, смета Петровска. Додаде дека поради недостиг на кадар, наскоро се очекува да биде вработен водич кој ќе работи во Музејот.

Алатките во работилницата

Посетителите можат да погледнат оригинални предмети кои Серафим Видовски ги има подарено, а дел продадено на Музејот на Град Скопје за потребите на оваа работилница. Тоа се 96 предмети, електромеханичкарски алати, кои ги користеле работниците за поправка на оружјето. Од рачен алат има клешти, моторцангли, шрафцигери, разни видови клучеви – обични и машински, турпии, рачна електрична бор-машина... Од статичен алат има стабилна електрична бор-машина, електрично точило, електричен апарат за заварување, волтметар, амперметар..., се она што се користи во една електромеханичарска работилница.

Во Музејот се поставени телевизири на кои се прикажува целатата приказна, историјата на Град Скопје за време на НОВ. Има и таблети до секој експонат, со слика и опис на предметот. Поставени се витрини каде се изложени предметите кои биле изработени токму во работилницата на Серафим Видовски, но и од останатите работилници. Има и предмети од НОВ, кои не се поврзани со работилницата, но се од тој период, како ранец, торбичка за куршуми што ја носеле партизнаите.

Во Скопје постоели и други илегални работилници за оружје во кои често се доработувале оружја за кои немало алат во работилницата на Видовски. Тоа биле работилниците на Бедрих Нолч Белка, Антон Паскалов, Богољуб Димитријевиќ, браќата Поповиќ, Стојан Лаврин, работилницата во импровизираната барака во лозјето на Мато Матовски во Козле и други.

На Скопје му недостигаше Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ (1941-1944), чии содржини ги пренесуваат фактите за едно време особено значајно за историјата на градот Скопје во 40-тите години на 20 век. /МИА.

Раскинала со момчето водоинсталатер, па утрото ја дочекала шокантна глетка

На социјалните мрежи повторно се шири приказна на една девојка за бизарната одмазда на нејзиното поранешно момче, водоинсталатер.

Неименувана девојка на Редит сподели како раскинала со своето момче затоа што бил скржав и не оставал бакшиш за келнерите.

Откако раскинала со него, таа отишла во спалната соба за тој да се спакува на мир и заспала. Следното утро открила дека тој ѝ се одмаздил со тоа што ѝ ја украл тоалетната школка.

"Ми ја украде тоалетната школка! Тој е лиценциран водоводџија и знаеше што прави. Нема да лажам, и јас се смеев подоцна. Раскинувањата може да бидат интересни", напишала таа.

I split up with my boyfriend yesterday. I fell asleep while he was packing and he stole my toilet.
byu/shelblikadoo inWTF

Инаку, неговиот потег тогаш и не ѝ бил толку смешен бидејќи морала да трча во блискиот ресторан секогаш кога требало да оди во тоалет,објави Индекс.

"Ова е урнебесно. Жал ми е за раскинувањето и губењето на тоалетот, но морам да се смеам. Го отстранил многу педантно", е еден од коментарите.

Лазар Ристовски (71) ужива на Малдивите со 39 години помладата девојка (ФОТО)

Српскиот актер Лазар Ристовски (71) и неговата 39 години помлада партнерка Аница Лазиќ уживаат на Малдиви.

Аница на Инстаграм објави нивна заедничка фотографија.

„Кога води, не прашувам каде“, напишала 32-годишната актерка во описот на фотографијата на која двојката позира во море.

За потсетување, парот ја потврди врската кон крајот на 2023 година. "Точно е, уживаме во нашата љубов. Не би коментирал ништо повеќе, разберете. Се запознавме по разводот, тоа нема никаква врска со мојот поранешен брак и развод", изјавил тогаш актерот за српските медиуми. Двојката глумеше заедно во филмот Dream Team и во серијата Попадија.

Пред врската со Аница, Лазар беше 42 години во брак со сопругата Даница.

Сериозна е состојбата со морбили во Италија- загрижува состојбата во Џенова

Според професорот Матео Басети, доктор и раководител за заразни болести во поликлиниката Сан Мартино во Џенова, бројот на случаи на сипаници кај возрасните исто така прогресивно се зголемува, како што е случајот со децата.

„Во Џенова за 7 дена се појавија 5 случаи кај невакцинирани лица, а сипаниците може да имаат сериозни компликации. Можеме да очекуваме епидемија во наредните месеци“, вели професорот Басети.

Пациентите се на возраст од 15 до 40 години.

„Тоа се луѓе кои не биле вакцинирани или кои не биле заразени како деца. Целната возраст нè наведува да мислиме дека тоа се сите граѓани кои не живееле ниту еден момент во седумдесетите години на минатиот век, сипаниците биле ендемични. Родителите решиле да не да ги вакцинираат и денес би можеле да се соочат со нова епидемија. Наместо тоа, важно е да се вратиме на разговор со населението за важноста на оваа вакцина за да се избегнат компликациите што сипаниците можат да предизвикаат во староста“, објасни професорот.

На прашањето дали Италија треба да се грижи за овие бројки, професорот рече дека засега нема потреба да се вознемирува, но дека е важно да се знае дека во иднина ќе биде тешко да се ограничи појавата на сипаници доколку нешто не се направи.

„Ние лекарите доживеавме раст во периодот од 2008 до 2009 година и во тоа време имаше 114 заболени од морбили, од кои некои поминаа со тешки компликации. 26% од овие пациенти беа тешки случаи, што е загрижувачка бројка бидејќи по 15 години повторно бележиме зголемување на случаите.Досега во Џенова сме имале 5,од кои 3 се лекувале во Сан Мартин.Ова не е пријатна болест во староста.Засега не треба да се вознемируваме, но важно е да се знае дека тоа би било тешко е да се ограничи појавата на сипаници и доволно е да се грижиме“, додаде тој.

Пред сè, пневмонија, која кај возрасните може да доведе до енцефалитис и менингитис, многу сериозни системски компликации кои вклучуваат неколку внатрешни органи.

„Тоа е сè освен тивка болест во зрелата возраст. Најсериозните компликации кај децата се многу ретки, кај возрасните е токму спротивното и болеста може да доведе до епизода на фебрилни конвулзии, па дури и до ниски тромбоцити“, заклучи докторот и апелираше до сите граѓани да се вакцинираат.

притисни ентер