Фото: Сите девојки на Кристијано Роналдо!!

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните десетина години, асот на Јувентус Кристијано Роналдо  во последно време се соочува со обвинувања за силување.

Популарниот Португалец  веќе одамна води многу бурен љубовен живот.

Пред да ја започне врската со својата свршеница Герогина Родригез , Кристијано медиумите го поврзуваа со бројни убавици.

Отсекогаш околу Роналдо кружеле некои од најубавите жени на светот. Сега напаѓачот на Јуве е во центарот на вниманието на медиумите поради обвинение од извесна Кетрин Мајорга која тврди дека познатиот фудбалер ја силувал во хотел во Лас Вегас во 2009 година.

Сега може да се присетиме со некои од девојките со кои Кристијано  имал романса.

Бразилската убавица, моделот Јордан Жарден е првата сериозна девојка на Кристијано, двојката била во врска во 2003 година.

Повеќе од една година во врска Кристијано Роналдо бил и со португалската манекенка Мархе Ромеро. Роналдо (2005/06) тогаш настапувал во тимот на Манчестер Јунајтед.

Со британската старлета Џема Аткинсон  медиумите го поврзаа во 2007 година.

Нереида Гиљардо беше големата љубов на Кристијано пред трансферот во Реал Мадрид.

Сестрата на фудбалерот Јулиан Белети, убавата Луана во 2009 година уживаше во интимна врска со славниот фудбалер.

Руската убавица Ирина Шајк според медиумите се уште е во срцето на Ронадло. Нивната врска траеше цели 5 години  од 2010 до 2015 година.

По разделбата од Ирина, Роналдо имал кратка врска со шпанската водителка Луција Виљалон.

Пред да ја започне врската со Герогина, Роналдо имал романси и со актерката Сораја Чавез, манекенката Карина Феро, реалити ѕвездата Имоген Томас.

Но, и со светски познатите старлети Парис Хилтон и Ким Кардашијан.

Фото: Мајкл Даглас веќе 5 години ја продава луксузната вила во Шпанија

Холивудската актерска ѕвезда Мајкл Даглас од 2014 година се обидува да ја продаде својата исклучително луксузна вила во Шпанија.

Славниот актер сега вели дека е подготвен и на очаен потег само да ја продаде   луксузната недвижнина.

Вилата  од 100 хектари на самиот брег  во Шпанија, Мајкл Даглас  досега ја продавал по цена од 50 милиони евра, но популарниот актер никако не може да најде купец.

Поради тоа тој е принуден, како што вели самиот  да преживее ноќна мора и да ја спушти продажната цена на луксузната вила на 37,5 милиони долари.

Инаку, сопствеништвото над вилата Мајкл го дели со својата поранешна сопруга Дијадра Даглас.

На имотот на Мајкл и Дијадра има 7 независни градби, со 5 апартмани и 10 спални соби.

Целиот имот е луксузно опремен со сите можни содржини за забава , вклучувајќи и голем вински подрум.

Леди Гага го теши Бредли Купер??

Во екот на разделбата на најубавата двојка во Холивуд, Ирина Шајк и Бредли Купер, популарниот актер се обидува да најде утеха во рацете на мегапопуларната пејачка Леди Гага со која играше во филмот „Ѕвездата е родена“.

-Бредли и се обраќа на Леди Гага секогаш кога му е потребен совет, иако знае дека во овој момент тоа не е добро. Едноставно не може да се запре, наведува извор близок на ѕвездата.

Иако шпекулациите за нивната наводна љубов и понатаму кружат  во таблоидите, двете ѕвезди наводно барем засега одржуваат  врска на „платонско ниво“.

-Тој е целосно восхитен од неа и мисли дека таа е најпаметната и најпрекрасната личност на целиот свет, дополнил истиот извор.

Видео - Фото: Уживање во џакузи, Кристијано и Георгина во страсна прегратка

Еден од најдобрите светски фудбалери, асот на Јувентус Кристијано Роналдо во друштво на убавата Георгина Родригез ужива на летниот одмор во Грција.

По напорната и долга сезона Кристијано е на заслужен одмор на кој според фотографии вистински ужива во луксузот.

Роналдо на својот профил на Инстаграм објави фотка од џакузи која ги воодушеви неговиот милионски фанови.

Колку вистински ужива Роналдо надвор од теренот најдобро покажува неговата најнова фотка.

Во описот под фотографијата Роналдо напиша:

-Мојата љубов!

Кристијано Георгина и децата летниот одмор го минуваат на супер луксузната јахта Африка со која крстосуваат низ Егејот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Enjoy the view 🧜🏼‍♂️😉👌🏻

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

притисни ентер