Осумгодишниот генијалец за „рубикова коцка“

Пет секунди толку му се потребни на осум годишниот Ѓорѓи Чешмеџиевски да ја намести една од многуте шарени  коцки.

Случајно  најдената рубикова коцка на одмор кога имал пет години му го промени животот. Освен што еднодевната истрајност да ја нареди коцката, тој веќе за неколку дена потоа само за еден час, минути дури до секунди успеал да биде првото најмало дете во Македонија „волшебник за местење на коцки“. Освен во брзината, тој одредени коцки за кратко време може да ги намести и без да гледа во нив.

Во Македонија има и други деца повозрасни од Ѓорѓи кои се организираат и наскоро ќе  имаат натпревари во местење коцки.

Првата награда за Ѓорѓи освоеното второ место и трето место за негов другар во Софија биле стартот  за оформување на Македонската Кјубинг Асоцијација.

Таткото на Ѓорѓи, Ристо е основач на волонтерската организација  и на 17ти ноември ќе се организира меѓународен натпревар со учесници од девет земји.

Натпреварот ќе се одржи во просториите на Шумарскиот факултет кој засега единствено се понудил како помош за овие активности во Македонија.

За Ѓорѓи предизвик се големите коцки, тој веќе влијае на неговите другари да ја научат магијата на коцките. Но има интересен пристап, треба трпение и љубов за да влезете во дружба со коцките, вели осумгодишното момче.

Фото: Мајкл Даглас веќе 5 години ја продава луксузната вила во Шпанија

Холивудската актерска ѕвезда Мајкл Даглас од 2014 година се обидува да ја продаде својата исклучително луксузна вила во Шпанија.

Славниот актер сега вели дека е подготвен и на очаен потег само да ја продаде   луксузната недвижнина.

Вилата  од 100 хектари на самиот брег  во Шпанија, Мајкл Даглас  досега ја продавал по цена од 50 милиони евра, но популарниот актер никако не може да најде купец.

Поради тоа тој е принуден, како што вели самиот  да преживее ноќна мора и да ја спушти продажната цена на луксузната вила на 37,5 милиони долари.

Инаку, сопствеништвото над вилата Мајкл го дели со својата поранешна сопруга Дијадра Даглас.

На имотот на Мајкл и Дијадра има 7 независни градби, со 5 апартмани и 10 спални соби.

Целиот имот е луксузно опремен со сите можни содржини за забава , вклучувајќи и голем вински подрум.

Леди Гага го теши Бредли Купер??

Во екот на разделбата на најубавата двојка во Холивуд, Ирина Шајк и Бредли Купер, популарниот актер се обидува да најде утеха во рацете на мегапопуларната пејачка Леди Гага со која играше во филмот „Ѕвездата е родена“.

-Бредли и се обраќа на Леди Гага секогаш кога му е потребен совет, иако знае дека во овој момент тоа не е добро. Едноставно не може да се запре, наведува извор близок на ѕвездата.

Иако шпекулациите за нивната наводна љубов и понатаму кружат  во таблоидите, двете ѕвезди наводно барем засега одржуваат  врска на „платонско ниво“.

-Тој е целосно восхитен од неа и мисли дека таа е најпаметната и најпрекрасната личност на целиот свет, дополнил истиот извор.

Видео - Фото: Уживање во џакузи, Кристијано и Георгина во страсна прегратка

Еден од најдобрите светски фудбалери, асот на Јувентус Кристијано Роналдо во друштво на убавата Георгина Родригез ужива на летниот одмор во Грција.

По напорната и долга сезона Кристијано е на заслужен одмор на кој според фотографии вистински ужива во луксузот.

Роналдо на својот профил на Инстаграм објави фотка од џакузи која ги воодушеви неговиот милионски фанови.

Колку вистински ужива Роналдо надвор од теренот најдобро покажува неговата најнова фотка.

Во описот под фотографијата Роналдо напиша:

-Мојата љубов!

Кристијано Георгина и децата летниот одмор го минуваат на супер луксузната јахта Африка со која крстосуваат низ Егејот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Enjoy the view 🧜🏼‍♂️😉👌🏻

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

притисни ентер