Втор „Drim Short Film Festival" во Струга

– Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од денеска до недела ќе се одржува второто издание на фестивалот „Drim Short Film Festival“ Струга.

Годинашното издание се одржува под мотото „Еден јазик, илјада приказни“, а целта е да се доближи кратката филмска форма до публиката, зајакнување на филмската култура во градот и да се придонесе Струга да стане регионално филмско јадро.

Покрај стандардната национална програма, ќе има и регионална селекција на кратки филмови, како и студентска програма, во која студентите од Македонија ќе имаат можност да ги претстават своите дела. Истовремено можност ќе имаат и сценаријата, ќе бидат избрани пет најдобри идеи на млади автори од Македонија, кои ќе се натпреваруваат за симболична награда, што ќе претставува мотив за нивната понатамошна работа и однос кон филмот.

Струга ќе биде домаќин и на познати филмски имиња од Македонија и регионот. Тие ќе ја збогатат филмската програма со своето искуство поврзано со филмот и ќе го пренесат пред младите автори и студенти.

Во рамките на националната вечер ќе бидат прикажани кратките филмови „Доаѓаат од центарот на светот“ во режија на Дина Дума, „Мишко“ во режија на Ханис Багашов, „Долорес“ на Радован Петровиќ и „Почеток“ на Агим Абдула...

Дел од регионалната програма се „O noapte in Tokoriki“ во реежија на Роксана Строе и „Пупање“ на Дора Шустиќ. Во рамки на студентската програма ќе бидат прикажани „Тишина“ на Батухан Ибрахим, „Red ribbon“ на Џовани Рустанто и „The Bar“ на Горан Томиќ...

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер