Видео - фото : Карлеуша во танга се обидува да се качи на штица за сурфање

Атрактивната српска пејачка Јелена Карлеуша со својот сопруг , фудбалерот на кинески Гвангжу Душко Тошиќ и семејството ужива на летниот одмор на Малдивите.

Популарниот брачен пар секојдневно се забавува во лудориите на вода во Индискиот океан.

Сега раскошната Јелена во минијатурни танга бикини се обидува бујниот задник да го качи на штица за сурфање, но тешко и оди тоа.

На социјалните мрежи Јелена која секојдневно  ги информира фановите за своите активности  на Малдиви се пофали дека седумдневниот одмор во егзотичниот рај го чинел нејзиниот сопруг Душко  50 000 евра.

БМВ и Дајмлер смислуваат конкуренција за Убер

Германските производители на автомобили Дајмлер и БМВ претставија заедничка компанија за превоз на повик , услуги на паркирање и полнење електрични возила , како конкуренција на Убер.

Компаниите за производство на луксузни автомобили соопштија дека ќе вложат милијарда евра во ширење на постоечката дејност на системи за плаќање на минута или по поминат километар.

Ваквите компании за услуги на повик има и во Кина , каде компанијата Didi Chuxing  сака да се шири и кон Јужна Америка. Убер , пак создава силна мрежа во САД.

,,Натамошната соработка со другите понудувачи на услуги , вклучително и удел во старт ап компании и соработка со етаблирани играчи , е можно како опција .” , изјави главниот иозвршен директор на Дајмлер , Дитер Захе.

Брендот на Дајмлер Car2Go ќе се поврзе со компаниите на БМВ DriveNow, ParkNow и ChargeNow, со тоа што двајцата производители ќе имаат по 50% удел во заедничкиот потфат.

Двете големи германски компании работат и на развој на автономни автомобили, со што се надеваат дека ќе направат пробив во такси превозот и услугите на превоз на повик.

Модната индустрија широко прифати трансроден модел со инвалидитет

Животот на Арон Филип се смени откако стана прв афроамерикански трансроден модел со инвалидитет , кој потпишал договор со голема агенција.

Откако во септември минатата година се приклучи кон Елит Модел Менаџмент, 17 годишниот модел сними едиторијал за магазинот i-D , а се најде и на пописот на  ”21 Under 21” Teen Voguе. Работеше и на кампањи на големи модни куќи , кои и ја отворија ширум вратата кон светот на модата.

Арон е родена на Антигва со церебрална парализа и се идентификува како трансродна личност , а сега живее во њујоршкиот кварт Бронкс.

,, И натаму постои недостаток на видливост и внимание кон луѓето со инвалидитет во модната индустрија. Моментално сме само јас и Џилијан Меркадо модели во целиот свет.”

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

i wanna make u mine

A post shared by aaron philip (@aaron___philip) on

Таа не сака да ја нарекуваат активистка , но смета дека инвалидноста , а не фактот што е трансродна личност , во најголем број случаи главната пречка за влез во врвот на модата.

Ауди останува верен на дизел моторите (ФОТО)

Додека другите германски производители го напуштаат дизелот , па дури и бензинскиот погон , за сметка на хибридниот и електричниот , во Ауди произведоа ново дизел возило.

Новиот SQ5 TDI има 3.0 мотор со 347 Кс и 700 Нм , кој во хибрисна верзија со 48 волтна варијанта со електричен компресор, има импозантна сила.

Се појави во зелена , еколошка боја , што е порака од производителот дека возилото гио задоволува сите стандарди за издувните гасови.

Овој нов производ на Ауди достигнува брзина од 0-100км/час за 5,1 секунди , со просечна потрошувачка од 6,8 л/100км.

Цената на ова СУВ возило со спортски карактеристики се движи во Германија од 67 750 евра.

притисни ентер