Селена Гомез доживеала нервен слом

Мегапопуларната  пејачка Селена Гомез е примена во психијатриска болница поради „емоционален стрес“ .

Младата пејачка Селена Гомез се наоѓа во психијатриска установа на лекување, откако минатата недела двапати посетила болница, пренесува ТМЗ.

Селена првиот пат заминала во болница поради лошиот резулат на крвта во врска со минатогодишната трансплантација на бубрег.

Била примена и потоа по неколку дена ја напуштила болницата, по што нејзината општа состојба повторно се влошила.

Поради здравствените проблеми дошло до „емоционален стрес“ по што Селена завршила на психијатрија.

Наводно пејачката кога била примена во болница поради лошата здравствена состојба побарала од докторите да ја отпуштат, што тие не сакале да го сторат.

Тогаш Селена „побудалела и ја извадила инфузијата од раката“ , тврди извор близок на пејачката.

Возел Ферари со 320км/час по автопат, па завршил во притвор (ВИДЕО)

Ферари Ф40 важи за култен модел , но малкумина можеле на автопат да ја испробаат целата негова моќ .

На социјалните мрежи се појави снимка од јапонски возач , кој го вози култното Ферари со брзина од 320 км/час. Споеред квалитетот на снимката , очигледно е дека е направена поодамна , но сепак станува збор за сон на секој сопственик на вакво Ферари. Ф40 располага со V8 мотор со два турбополначи со сила од 478 КС. Моделот почна да се произведува далечната 1987 година.

Сопственикот на ова Ферари не е познато кога го снимил видеото , но се знае дека од него заработувал , зашто снимките ги продавал .

Снимката прв пат на пазарот се појавила 1990 година и е продадена во 10 000 копии , но еден од купувачите бил полицаец во цивил. Тој ја прегледал снимката , викнал засилување и го уапсиле возачот.  

102-годишна Aвстралијка скокна од авион во хуманитарни цели (ВИДЕО)

Дека никогаш не е доцна за хуманост, на оригинален начин покажа 102-годишната Австралијка Ајрин О Шеј.

Бестрашната прабаба скокна од авион од височина од 5 илјади метри со цел да собере пари во хуманитарни цели за ретка болест, од која починала нејзината ќерка..

Таа од леталото скокна со својот инструктор, со кого лесно се приземјија со помош на падобран.. Ајрин досега собрала 12.000 долари и основала страница преку која луѓето може да донираат пари на интернет.

 Со скокот, таа воедно стана и најстарата личност која скокнала од авион..

притисни ентер