Хрватската претседателка вдоми куче од прифатилиште за животни

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во рамки на работниот престој во Вировитичко-подравската жупанија, го посети Прифатилиштето за животни. 

При обиколката, Кика, шестмесечна женка лабрадор, и го привлече вниманието и тоа ќе стане „првото куче“ на Хрватска.

„Доаѓаш на Пантовчак (претседателската резиденција) Кика. Ќе бидеш големо освежување меѓу оние големи кучиња кои ги имаме таму“, му говореше претседателката на кутрето.

Посвојувањето на Кика со насмевки го проследија три одделенија од  вировитичкото локално основно училиште кои ја дочекаа Китаровиќ во прифатилиштето.

Фото: Мајкл Даглас веќе 5 години ја продава луксузната вила во Шпанија

Холивудската актерска ѕвезда Мајкл Даглас од 2014 година се обидува да ја продаде својата исклучително луксузна вила во Шпанија.

Славниот актер сега вели дека е подготвен и на очаен потег само да ја продаде   луксузната недвижнина.

Вилата  од 100 хектари на самиот брег  во Шпанија, Мајкл Даглас  досега ја продавал по цена од 50 милиони евра, но популарниот актер никако не може да најде купец.

Поради тоа тој е принуден, како што вели самиот  да преживее ноќна мора и да ја спушти продажната цена на луксузната вила на 37,5 милиони долари.

Инаку, сопствеништвото над вилата Мајкл го дели со својата поранешна сопруга Дијадра Даглас.

На имотот на Мајкл и Дијадра има 7 независни градби, со 5 апартмани и 10 спални соби.

Целиот имот е луксузно опремен со сите можни содржини за забава , вклучувајќи и голем вински подрум.

Леди Гага го теши Бредли Купер??

Во екот на разделбата на најубавата двојка во Холивуд, Ирина Шајк и Бредли Купер, популарниот актер се обидува да најде утеха во рацете на мегапопуларната пејачка Леди Гага со која играше во филмот „Ѕвездата е родена“.

-Бредли и се обраќа на Леди Гага секогаш кога му е потребен совет, иако знае дека во овој момент тоа не е добро. Едноставно не може да се запре, наведува извор близок на ѕвездата.

Иако шпекулациите за нивната наводна љубов и понатаму кружат  во таблоидите, двете ѕвезди наводно барем засега одржуваат  врска на „платонско ниво“.

-Тој е целосно восхитен од неа и мисли дека таа е најпаметната и најпрекрасната личност на целиот свет, дополнил истиот извор.

Видео - Фото: Уживање во џакузи, Кристијано и Георгина во страсна прегратка

Еден од најдобрите светски фудбалери, асот на Јувентус Кристијано Роналдо во друштво на убавата Георгина Родригез ужива на летниот одмор во Грција.

По напорната и долга сезона Кристијано е на заслужен одмор на кој според фотографии вистински ужива во луксузот.

Роналдо на својот профил на Инстаграм објави фотка од џакузи која ги воодушеви неговиот милионски фанови.

Колку вистински ужива Роналдо надвор од теренот најдобро покажува неговата најнова фотка.

Во описот под фотографијата Роналдо напиша:

-Мојата љубов!

Кристијано Георгина и децата летниот одмор го минуваат на супер луксузната јахта Африка со која крстосуваат низ Егејот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Enjoy the view 🧜🏼‍♂️😉👌🏻

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

притисни ентер