Семејството бара помош во пронаоѓање на исчезнатиот Пепи

68 годишниот Пепи, Пертеф Назим, болен од Алцхајмерова болест, пред два дека исчезна  од својот дом во скопската населба Тафталиџе.

Тој при напуштањето на домот бил  облечен во сини тренерки-пижами.

Семејството бара помош од граѓаните во пронаоѓање на Пепи.

Ако  граѓаните го забележат ова лице да го задржат и да се јават на семејството, на броевите 070 246 119 и 075 290 620 или на бројот на полиција, каде што е пријавено неговото исчезнување.

Возел Ферари со 320км/час по автопат, па завршил во притвор (ВИДЕО)

Ферари Ф40 важи за култен модел , но малкумина можеле на автопат да ја испробаат целата негова моќ .

На социјалните мрежи се појави снимка од јапонски возач , кој го вози култното Ферари со брзина од 320 км/час. Споеред квалитетот на снимката , очигледно е дека е направена поодамна , но сепак станува збор за сон на секој сопственик на вакво Ферари. Ф40 располага со V8 мотор со два турбополначи со сила од 478 КС. Моделот почна да се произведува далечната 1987 година.

Сопственикот на ова Ферари не е познато кога го снимил видеото , но се знае дека од него заработувал , зашто снимките ги продавал .

Снимката прв пат на пазарот се појавила 1990 година и е продадена во 10 000 копии , но еден од купувачите бил полицаец во цивил. Тој ја прегледал снимката , викнал засилување и го уапсиле возачот.  

102-годишна Aвстралијка скокна од авион во хуманитарни цели (ВИДЕО)

Дека никогаш не е доцна за хуманост, на оригинален начин покажа 102-годишната Австралијка Ајрин О Шеј.

Бестрашната прабаба скокна од авион од височина од 5 илјади метри со цел да собере пари во хуманитарни цели за ретка болест, од која починала нејзината ќерка..

Таа од леталото скокна со својот инструктор, со кого лесно се приземјија со помош на падобран.. Ајрин досега собрала 12.000 долари и основала страница преку која луѓето може да донираат пари на интернет.

 Со скокот, таа воедно стана и најстарата личност која скокнала од авион..

притисни ентер