Кој им се заканува на членовите на ВМРО-ДПМНЕ?

МВР  не ги открива политичарите кои добивале закани околу донесувањето на предлогот за уставните измени.

 Од полицијата не откриваат ниту кој им се заканува на раководните лица и членови на ВМРО - ДПМНЕ, за кои вчера на јавен настап зборуваше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, но тој потенцираше дека досега ниту еден пратеник не се пожалил во полицијата на било какво кршење на законот.

Јавно досега проговорија пратеничката Даниела Рангелова, која рече дека трпи закани на социјалните мрежи поради гласање на референдумот и поранешниот заменик генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Петар Богојески, кој рече дека сите кои ја поддржале алтернативната кампања се под жесток притисок.

Според специјалистот за ПР и нови медиуми Бојан Кордалов, заканите упатени на социјалните мрежи се со иста тежина како и вербалните.

Дека постојат информации за закани кон пратениците од ВМРО – ДПМНЕ кои сакаат да го поддржат Договорот од Преспа  пред четири дена предупреди еврокомесарот Јоханес Хан.

Од ВМРО - ДПМНЕ велат дека ова е само уште еден обид на власта за дефокусирање на јавноста од пропаднатиот референдум. Од партијата потенцираат дека ВМРО – ДПМНЕ не се заканувало и дека  станува збор за сериозни обвинувања. Од таму бараат надлежните органи да ги истражат  наводите.

Жестоки протести против Орбан во Будимпешта (ВИДЕО)

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите , кои протестираа во центарот на Будимпешта.

Веќе втора вечер во Будимпешта се одржуваат жестоки протести против Владата на премиерот Виктор Орбан.

Протестите почнаа вчера по донесувањето на ,,робовладетелскиот закон” од страна на пратениците од партијата на Орбан , кои имаат двотретинско мнозинство во Парламентот. Со законот значително се зголемува бројот на прекувремени работни часови , што може да ги побара работодавачот од работникот.

Полицијата употереби солзавец за да ги растера демонстрантите , кои на специјалците фрлаа со камења , јајца и други предмети.

Интересно е што некои од демомнстрантите носеа солзавец , со  кој ги прскаа полицајците. За време на протестите е скрпен еден прозорец на зградата на Парламентот.

На протестите имало околу три илјади демонстранти , кои извикуваа пароли против премиоерот Орбан и неговата влада.

Полицијата го уби терористот од Стразбур (ВИДЕО)

Француските специјалци го неутрализираа напаѓачот , кој пред два дена уби три лица и повреди 12 на Божикниот саем во центарот на Стразбур.

Чериф Чекат завчера вечер изврпи терористички напад и од тогаш е во бегство . Во потрагата по него се уапсени пет лица, а претходно беа приведени членовите на неговото семејство. 

Тој е пронајден во населбата Неудорф , каде полицијата од попладнево спроведе голема акција за негово пронаоѓање , а специјалци врпеа претрес во куќите.

ЕУ го продолжи санкциите кон Русија поради состојбата на истокот на Украина

Првите луѓе на Европската Унија се договорија за повторно да ги проголжат санкциите кон Русија поради кризата на истокот на Украина и на Крим , објави претседателот на Европскиот Совет , Доналд Туск.  

,,Со одлуката на ЕУ , донесена едногласно , продолжуваат економските санкции кон Русија , зашто енма напредок во имплементирањето на договорот од Минск.” , објави Туск на  Твитер.

Со договорот од Минск во 2015 , Русија и Украина заедно со Германија и Франција договорија меркиз а ставање крај на војната на остокот на Украина.

притисни ентер