Судар на камион и минибус во Русија, 11 загинати

Единаесет лица загинале, а девет се повредени во сообраќајна несреќа 700 километри источно од Москва, објавија денеска руските медиуми.

Сударот на камионот и минибусот се случил синоќа во руската република Чувашија, се наведува во соопштението на Истражниот комитет на Русија.

Се води истрага поради непочитување на Законот за патен сообраќај и безбедносни стандарди.

Еден полициски службеник за новинската агенција РИА Новости зијавил дека е уапсен возачот на камионот кој учествувал во несреќата.

Властите на Чувашија петок го прогласија за ден на жалост.

Според официјалната статистика, минатата година во сообраќајни несреќи во Русија загинале повеќе од 19.000 луѓе.

Жестоки протести против Орбан во Будимпешта (ВИДЕО)

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите , кои протестираа во центарот на Будимпешта.

Веќе втора вечер во Будимпешта се одржуваат жестоки протести против Владата на премиерот Виктор Орбан.

Протестите почнаа вчера по донесувањето на ,,робовладетелскиот закон” од страна на пратениците од партијата на Орбан , кои имаат двотретинско мнозинство во Парламентот. Со законот значително се зголемува бројот на прекувремени работни часови , што може да ги побара работодавачот од работникот.

Полицијата употереби солзавец за да ги растера демонстрантите , кои на специјалците фрлаа со камења , јајца и други предмети.

Интересно е што некои од демомнстрантите носеа солзавец , со  кој ги прскаа полицајците. За време на протестите е скрпен еден прозорец на зградата на Парламентот.

На протестите имало околу три илјади демонстранти , кои извикуваа пароли против премиоерот Орбан и неговата влада.

Полицијата го уби терористот од Стразбур (ВИДЕО)

Француските специјалци го неутрализираа напаѓачот , кој пред два дена уби три лица и повреди 12 на Божикниот саем во центарот на Стразбур.

Чериф Чекат завчера вечер изврпи терористички напад и од тогаш е во бегство . Во потрагата по него се уапсени пет лица, а претходно беа приведени членовите на неговото семејство. 

Тој е пронајден во населбата Неудорф , каде полицијата од попладнево спроведе голема акција за негово пронаоѓање , а специјалци врпеа претрес во куќите.

ЕУ го продолжи санкциите кон Русија поради состојбата на истокот на Украина

Првите луѓе на Европската Унија се договорија за повторно да ги проголжат санкциите кон Русија поради кризата на истокот на Украина и на Крим , објави претседателот на Европскиот Совет , Доналд Туск.  

,,Со одлуката на ЕУ , донесена едногласно , продолжуваат економските санкции кон Русија , зашто енма напредок во имплементирањето на договорот од Минск.” , објави Туск на  Твитер.

Со договорот од Минск во 2015 , Русија и Украина заедно со Германија и Франција договорија меркиз а ставање крај на војната на остокот на Украина.

притисни ентер