Вон се повлекува на крајот од новата сезона

Американската скијачка Линдзи Вон соопшти дека по завршувањето на новата сезона (2018/19) ќе стави крај на спортската кариера.

Таа првично планираше да се натпреварува до 2020 година, меѓутоа низата од повредите во последните години ја присилија да ја смени одлуката.

- Физички дојдов до точка во која натпреварувањето нема смисла. Сакам да бидам активна и понатаму, па затоа морам да гледам во иднината, а не само да бидам фокусирана на она што е пред мене, истакна американската скијачка.

Вон во Светскиот куп има остварено 82 победи, но нагласи дека ќе се пензионира дури и да не го собори рекордот на Швеѓанецот, Ингемар Стенмарк од 86 победи.

- Ако го соборам рекордот тоа ќе биде остварање на соништата. Но и без него мислам дека имав неверојатно успешна кариера, наведе 33-годишната спортистка.

Вон има освоено четири големи Кристални глобуси и 16 мали. Таа на Зимските олимписки игри има еден златен и два бронзени медали, а на Светските првенства освои два златни, три сребрени и две бронзени медали. 

Казна за Челзи – нема трансфери до 2020

ФИФА го казни британскиот клуб Челзи со забрана за склучување фдоговори со нови играчи во наредните два преодни рока , односно до летото 2020.

Челзи е казнет поради кршење на правилникот за регистрација на играчи помлади од 18 години. Клубот мора да плати 600 000 швајцарски франци парична казна , а англискиот фудбалски сојуз е казнет со 510 000 франци.

Челзи без овластување и незаконски регистрирал 29 играчи помлади од 18 години , што е најголем прекршок по оној за непочитување на финансиски фер плеј.

Така клубот на Абрамович , кој е во голема криза , нема да може до 2020 да регистрира нови играчи , ниту ќе може да се засилува , што би било многу лошо за клупските амбиции.

Познати осминафиналните дуели во Лига Европа

Познати се осминафиналните натпревари во второто по квалитет европско  фудбалско натпреварување Лига Европа.

Најинтересно  се очекува да биде на  пресметките Челзи – Динамо Киев,  Ајнтрахт Ф. – Интер.

Тимот на нашиот репрезентативец Адеми, Динамо загреб за место во четврфиналето ќе игра против португалскиот гигант Бенфика.

Во другите осминафинални средби ќе играат:

Наполи- Салзбург

Валеснија – Краснодар

Севиља – Славија Прага

Арсенал – Рен

Зенит – Виљареал

Мечевите од 1/8 финалето во Лига Европа се играат на 7 и 14 март, четврфиналето е на 11 и 18 април, полуфиналето на 2 и 9 мај, а големото  финале на Олимпискиот стадион во Баку е на 29 мај.

Нант казнет поради навивачите кои му оддаваа почит на Сала

Навивачите на Нант , тимот на трагично загинатиот фудбалер Емилијано Сала , посветија повеќе кореографии на првиот натпревар на домашен терен по несреќата.

Денеска дисциплонската комисија на француската Лига 1 реши жестоко да го казни клубот , предводен од Вахид Халилхоџиќ. Се казнува поради запалените факли од страна на навивачите со кои се простија од Сала.

Нант е казнет парично со 20 000 евра , а со нешто над 16 000 и за наптреварот против Сент Етјен , прв натпревар одигран по исчезнувањето на Аргентинецот.

Јавноста е згрозена од казните , зашто не станувало збор за никакви насилничко однесување или за повреда на дисциплина , туку за почит кон Сала.

Тој загина во авионска несреќа на 21 јануари , на враќање од Нант каде се простил од соиграчите пред да почен да настапува за Кардиф.

притисни ентер