Здравствена афера во Словенија- се претресуваат куќи на доктори

Во повеќе градови во Словенија во тек е акција на полицијата поради корупциски скандал.

Полицијата спроведе претреси во куќи , поврзани со пријави за корупција во здравството при набавување на опрема и материјал.

Под сомнение се десет физички две компании , чии деловни и приватни простории се на територијата на Љубљана, Марибор, Крањ, Ново Место и Цеље. За сега никој не е приведен.Со претресите се барале докази за сомневања за недозволено примање и давање поткуп во износ од над стотина илјади евра. Истрагата , според словенечките медиуми , е концентрирана на високите цени за набавка на стентови и друга опрема во кардиологијата.

Пријавата ја поднела истражната комисија на поранешниот состав на парламентот , според која над 70 проценти од стентовите и другата опрема се набавува само од една компанија.

Цените кои ги плаќаат словенските болници се повисоки од оние на клиниките низ Европа. Една од компаниите им давала подароци на докторите , и тоа преку фиктивни трошоци за патувања , авторски договори , донации и во готово.

Драмски театар Скопје ја именува големата сцена „Ристо Стефановски“

Драмски театар Скопје ја именува големата сцена „Ристо Стефановски“, промовира и негова монографија.

Драмски театар - Скопје ја именува својата голема сцена во „Ристо Стефановски“, кој беше театролог, театарски работник, театарски историчар и долгогодишен директор на оваа културна установа (1957-1983). Беше промовирана и монгорафијата „Ристо Стефановски“.

Ристо Стеафновски е роден на 5 декември 1928 година во Скопје, кој на 22 април 1957 година бил назначен за директор на Куклениот театар, подоцна преименуван во Младинско-детски театар и на крај преименуван во добро познатиот Драмски театар во Скопје, каде бил директор повеќе од 25 години.

Промоторката на монографијата „Ристо Стефановски“ Искра Гешовска потенцира дека Стефановски не е само втемелувач на Драмскиот театар, туку и на современиот македонски театар. Додаде дека тој е најпрогресивниот директор, со визија и со непрегорност, не само за театарот туку и генерално, за институционалната култура и за она што треба да значи и како треба да се развива стратешки една институција од сферата на културата.

Директорката на Драмски театар Викторија Рангелова Петровска информира дека Стефановски ја отвора вратата, го зацртува патот, ја создава основата, и низ годините ги води најголемите премрежиња, борби и победи на Драмски театар.

-Најистакнатите македонски театарски режисери, драмски автори, актери и останатите креативни чинители, ќе имаа понеизвесен пат во градењето на професионалната кариера доколку не добиваа отворени можности од страна на Стефановски. Оттука тој не работеше само за растењето на Драмски театар, туку делуваше во целокупниот културен растеж на државата. Неговата визија, умешност и сеопфатна посветеност, им овозможи на соработниците и вработените во Драмски, по секој постигнат успех да зрачат со неподнослива гордост и оправдана ароганција. Стефановски успеа вредносните критериуми да ги постави високо на скалата и никогаш не отстапи од нив. Тој имаше свој правилник за успех по кој мора да се делува, потенцира Рангелова Петровска.

Додаде дека и денес некои од нивните колеги од другите театари на шега го нарекуваат Драмски „домаќински театар“.

-И домаќинлукот му го должиме на Ристо, тој/тоа е седмото правило од прирачникот за успех, потенцира Рангелова Петровска.

Промоторката на монографијата „Ристо Стефановски“ Искра Гешовска информира дека Драмскиот театар - Скопје му оддава чест на Ристо Стефановски, кој е втемелувач, основач, поставувач на визионерските и стратешките насоки на понатамошниот негов развој.

-Со ова монографско издание за Ристо Стефановски, како и со именувањето на големата сцена на театарот се покажува дека не само што има јадра кои пркосат на оваа доминантна култура на заборавот, туку и дека постои јасно проникнување во втемелувањето на она што значи императивна вредносна вертикала, потенцира Гешовска.

Посочи дека монографското издание внимателно уредено од Александра Бошковска, е важен придонес кон аргументацијата за историското значење на Ристо Стефановски, не само за Драмскиот театар, туку за историјата на современиот театар. Во него се поместени делови од неговите дневнички записи, делови од рефлексиите на колешките и колегите, соработничките и соработниците на Стефановски, хронолошки и биографски единици и факти поврзани со целокупната дејност на Стефановски. Станува збор за концентриран, систематично сублимен преглед, или, како што рече, ако сакате резиме, на еден столб во македонската современа култура.

-Ракописот на оваа монографија, ни потврдува дека Ристо Стефановски, не само што е од оние ретките во нашата култура кои со љубов и врвно знаење работела во сферата на менаџирањето, развивањето и архивирањето на театарот, како една од најкомплексните институционални структури, туку, уште поважно, според фактите на историјата на македонскиот театар, како уникатно посветен директор и театролог тој дава непроценливо важен и единствен придонес за осовременувањето, еманципирањето на театарот и во организациска смисла и во репертоарна смисла, потенцира Гешовска.

Речиси три четвртини од Полјаците се против испраќање полски и НАТО војници во Украина

Речиси три четвртини од Полјаците (74,8 проценти) не сакаат полски или НАТО војници да бидат испратени во Украина.

Речиси три четвртини од Полјаците (74,8 проценти) не сакаат полски или НАТО војници да бидат испратени во Украина, додека само 10,2 проценти од нив го поддржуваат ова решение, покажа анкетата на Институтот за пазарни и социјални истражувања (ИБРИС), спроведено по барање на полскиот весник „Речпосполита“.

Според истражувањето, 15 отсто од испитаниците немаат мислење во врска со тоа.

„Иако Полјаците не сакаат да испратат војници во Украина, тие се согласуваат да започнат преговори со НАТО и Украина за проширување на воздушната одбрана на територијата во близина на границата и овозможување соборување на руски ракети или беспилотни летала кои летаат кон Полска“, се наведува во истражувањето спроведено на крајот на февруари.

Се додава дека дури 69,3 отсто од испитаниците го поддржале ваквото решение, 17,6 отсто биле против, а 13,1 отсто немале мислење.

Мицкоски: Не очекувам власта да престане со црната кампања, ние ќе водиме позитивна кампања

Не очекувам власта да престане со црната кампања, додека ние ќе водиме позитивна кампања со проекти и решенија на проблемите.

Црната кампања е карактерна особина на оваа влада. Не очекуваме дека ќе престане таа нивна црна кампања која изобилува со монтажи, со навреди, со многу измислици и клевети, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Општина Гевгелија, запрашан од новинарите дали во пресрет на почеток на изборната кампања очекува фер кампања од власта.

Тој истакна дека, што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, нема да води црна кампања затоа што македонските граѓани знаат дека Македонија од осамостојувањето немала полоша влада, од оваа на СДСМ и ДУИ и затоа ќе води позитивна кампања со презентација на проекти и решенија за проблемите на граѓаните.

„Нашата цел е во оваа кампања да водиме позитивна кампања, односно да зборуваме за проекти и да зборуваме за решенија на проблемите на граѓаните, а не да се оптеретуваме со тоа, кој колку бил лош бидејќи сите граѓани знаат дека владата на СДСМ и ДУИ беше лоша. Односно, да бидам попрецизен, полоша влада од осамостојувањето на Македонија немало“, рече Мицкоски.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ:

притисни ентер