Страшно невреме ја погоди Британија-десетици илјади домови без струја(ВИДЕО)

Силната бура , наречена ,,Калум” со ветришта со брзинаод 120 километри на час и силен дожд, погоди делови на Британија.

Десетици илјади домаќинства се без електрична енергија , а сообраќајот на многу места на северот на земјата , во Велс и во Ирска е во прекин. 

Метеоролозите ги предупредија граѓаните дека силните дождови и ветришта ќе се задржат до сабота навечер.

Уапсен пријател на Трамп и сопственик на фудбалски клуб за услуги од проститутки

Еден од најмоќните луѓе на американскиот спорт и личен пријател на претседателот Доналд Трамп е уапсен поради секс со проститутки.

Роберт К.Крафт , 77 годишниот сопственик на клубот "New England Patriots"  денеска е уапсен поради барање сексуални услуги од проститутки , соопшти полицијата на Флорида. Крафт е уапсен по големата шестмесечна акција во која полицијата реши да се пресмета со организаторите на проституцијата и трговците со луѓе.  

И покрај речиси 200 уапсени , засега службено се обвинети само 25 мина ,а  само еден и за трговија со луѓе.

Крафт ги користел услугите на проститутките во салон за убавина ,,Орхидеи на Азија” . Таму одел два пати неделно , а го возел возачот. Неговиот портпарол изјави дека обвиненијата се лажни. Но , полицијата тврди дека има цврсти докази и сите негови средби со проститутките биле снимени .

Крафт е сопственик на фудбалскиот клуб "New England Patriots" од 1994 и е еден од најуспешните. Годинава тимот го освои својот шести Супер Боул. Крафт важи и за личен пријател со американскиот претседател Доналд Трамп.

Протест во Романија против измените на Законот за правда

Низ цела Романија протестираа судските службеници против измените на Законот за правда.

Измените во Законот биле донесени со итен декрет од Владата , што го довело во прашање почитувањето на владеење на правото. За следната недела штрајк и проптести најавуваат и обвинителите.

Владиниот декрет на предлог на министерот за правда Тудорел Тоадер го менува начинот на избор на државните обвинители и ги отстранува повеќето надзорни органи задолжени за општинските судови.

ЕУ и американскиот Стејт Департмент веќе оценија дека со оваа измена се нарушува независноста на правосудството и владеењето на правото.

Во Хрватска продаваaт магла и тоа во тегли (ФОТО)

Во хрватскиот град Карловац се продаваат тегли со магла , што се нудат како сувенир.

Во пордавниците за сувенири во карловац почна продажбата на теглички со магла за 20 куни (2,69 евра) . Авторката на сувенирот Морана Рожман гарантира дека во секој тегличка од 450 грама има 100% магла од Карловец.

Вели дека не е многу оригинален производ , зашто во Лондон со децении се продава спакувана магла , но е изненадена од интересот.

Рожман вели дека поради четирите реки , во Карловец има доволно магла и за да остане и за да се продаде.

притисни ентер