Усвоен предлогот за пристапување кон измени на Уставот

Со десет гласа „за“, седум „против“ и без воздржани Комисијата за уставни прашања во Собранието на Република Македонија по дводневна расправа го усвои предлогот на Владата за пристапување кон измени на Уставот.

По исцрпената расправа, Комисијата усвои два заклучока: Комисијата го поддржува предлогот за пристапување кон измена на Уставот поднесен од Владата и предлага Собранието согласно член 131, став 1 од Уставот на Република Македонија да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека согласно член 131, став 1 од Уставот, одлука за пристапување кон измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупнот број пратеници.  

- Доколку Собранието донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот согласно членот 196 став 4 од Деловникот, Собранието со заклучок утврдува рок во кој подносителот на предлогот за пристапување кон измена на Уставот изготвува текст на нацртот на амандманите на Уставот. Поради што предлагам Комисијата да усвои и на Собранието да му го предложи следниов заклучок: Подносителот на предлогот за пристапување кон  измена на Уставот, Владата најдоцна во рок од 15 дена да подготви и на Собранието да му достави текст на нацртот на амандманите на Уставот при што да ги има предвид изнесените предлози и забелешки дадени на седниците на Комисијата за уставни прашања и на Собраниетио на Република Македонија, рече Џафери.

Тој објасни дека за да се пристапи кон изменување на Уставот на седницата која треба да се одржи в понеделник ќе биде неопходно двотретинскло мнозинство на гласови. 

И денеска пратениците од власта и од опозицијата со спротивставени ставови за предлогот за уставни измени. 

Премиерот Зоран Заев рече дека повеќе од 25 пратеници од опозицијата се свесни за одговорноста и се подготвени да ја преземат одговорноста.

- На крајот актот на гласање ќе се случи. Сериозна е одговорноста пред која сме исправени и таа одговорнсот ќе треба да си ја носиме и со неа да живееме. Јас донесов одлуки и презедов одговорност. Јас сум подготвен да живеам вака или онака со таа одговорност, рече Заев. 

Панчо Минов од ГРОМ рече дека е против предлогот и предложи  промената на името во Република Северна Македонија за надворешна употреба да важи по ратификацијата на протоколот за прием на Република Македонија во членство на НАТО, од страна на Парламентот на Република Грција. 

Неговиот втор предлог е примена на името Република Северна Македонија  за внатрешна употреба да нема се до финализирање на преговорите од релевантните поглавја  за членство на нашата држава во ЕУ и еден дополнителен рок и завршување на постапката по правила на ЕУ за прием во членство на РМ во ЕУ.  

Реплицирајќи му на Минов, премиерот Заев рече дека е подготвен да разговара за сите иницијативи и информираше дека веднаш би побарал разговор со колегата од Грција на иста седница на Парламент кога ќе го ратификуваат Договорот со Македонија, да се случи исто ратификацијата за Протоколот од НАТО. Верува, рече, дека тоа е возможно да се случи.  Додаде дека е подготвен да разговара со пратениците и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров повторно укажа дека заштитен е идентитотот и, како што рече, има мост за пријателство.

- Влегуваме во НАТО како Македонци, почнуваме преговори со ЕУ во јуни идната година но  имаме уште работа. Тоа е одговорноста да се поддржи овој процес, но и одговорноста да се сруши овој процес е огромна. Единствено што апелирам до вас е пред својата совест, со својата мудрост, сами пред себе сите да си одлучите како ќе се постапите, повика Димитров пред гласањето на седницата. 

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ му реплицираше на шефот на дипломатијата со својот став дека „како што стојат работите, овој процес ќе пропадне“ и, како што рече, за тоа е поголема одговорноста на Владата одошто на опозицијата. /МИА

Пендаровски – Маас: Потврдена силната поддршка од Германија за европската интеграција на Република Северна Македонија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Сојузна Република Германија, денеска се сретна со германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, при што било констатирано дека двете земји имаат изградено односи на пријателство, исполнети со доверба и взаемно почитување.

Претседателот Пендаровски оценил дека Сојузна Република Германија е клучен политички партнер и најголем трговски партнер на Република Северна Македонија, држава која постојано дава поддршка за нашите аспирации за членство во Европската Унија и во НАТО. Претседателот Пендаровски изразил задоволство за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во германскиот Бундестаг.

Пендаровски и министерот Маас размениле мислења за последните случувања поврзани со европската интеграција на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски посочил дека Република Северна Македонија во изминатиот период вложи многу напори во исполнување на европските критериуми и истакнал дека ќе продолжи реализацијата на реформската агенда. Во таа насока, претседателот Пендаровски го реафирмирал очекувањето за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија. /МИА

„Само Вистина“ со Александар Даштевски и Сафет Бишевац

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Александар Даштевски и Сафет Бишевац.

- Само слепите поддржувачи на Заев ќе кажат дека ваквата реконструкција не е разочарувачка, вели Бишевац. - Владината „чистка“ во пакет со недобивањето на датумот доволно ги искомплицира работите, смета Даштевски.

- Факт е дека економијата е она што е „камен околу врат“ на оваа влада, можеби Тевдовски е сменет затоа што имало политики околу кои не се согласувале со Заев, смета Бишевац. - Во економијата мора да има видливи резултати и стабилност за гаранција, ние ништо во моментов не гледаме од тоа, дециден е Даштевски.

- Пролонгирањето на датумот не е страшна работа, туку пострашно е ако не поработиме на целокупниот политички систем и создавање на здрави институции, смета Бишевац. - Димитров ја имаше улогата на name issue министер, за актуелната ситуација сметам дека нема политичка егзекутивна моќ подетално да преговара, заклучува Даштевски.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Во Брисел уапсен маж кој планирал напад на Амбасадата на САД

Белгиското федерално обвинителство соопшти попладнево дека е уапсено едно лице за кое постои сериозен сомнеж дека планирало напад врз американската амбасада во Белгија.

Лицето М.Г. е лишено од слобода во саботата во центарот на Брисел од страна на федералната полиција на Белгија и се сомничи за терористички напад врз Амбасадата на САД. Според судски извори кои ги пренесуваат белгиските медиуми, осомничениот одамна работел за приватни безбедносни служби.

Осомничениот ги отфрла обвинувањата, а денеска бил сослушан од страна на истражен судија во рамки на предметот што се води против него „обид за терористички напад“.

Пред три години, аеродромот во Брисел и една метро станица беа мета на терористички напади во кои загинаа 32 лица, а повредени над триста.

притисни ентер