Ќе се реализира меѓународна изложба „100 години Требениште"

Владата донесе одлука за обезбедување финансиски средства за реализација на  меѓународната изложба „100 години Требениште“ што треба да се одржи во периодот од 15 ноември до 15 мај 2019 година,во Скопје, Софија и Белград.

- Генералниот секретаријат на Владата е задолжен во рамки на предвидените средства потребни за Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија да обезбеди парични средства во износ од 1.200.000,00 денари во рамките на средствата обезбедени од државниот буџет за реализација на меѓународната изложба „100 години Требениште“, соопшти владината прес-служба.

По повод 100 години од првите истражувања на некрополата Требениште, кај Охрид, Археолошки музеј на Македонија, Национален археолошки институт со музеј - Софија и Народен музеј Белград во името на пријателските односи и соработката во областа на културно - историското наследство и научното истражување, ќе организираат три заеднички изложби, кои ќе се одржуваат последователно во Скопје, Софија и Белград.

- Изложбите се посветени на промоција на заедничките европски вредности и европската интеграција на Западен Балкан, прогласена за главен приоритет на надворешната политика на трите држави - Република Македонија, Република Бугарија и Република Србија. Со изложбата ќе се претстави еден дел од богатото културно наследство на Република Македонија, кое се наоѓа во три држави пред пошироката јавност со што истата одблизу ќе биде запознаена со еден од најзначајните локалитети од Република Македонија. Изложбата „100 години Требениште“ ќе биде несомнено најголемиот промотор на македонското културно археолошко наследство, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Тошковски: СВР Струмица поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Богданци

СВР Струмица поднесе кривична пријава против градоначалник на општина Богданци и вработена во Одделение за урбанизам при Општина Богданци.

Имено, првопријавениот во својство на градоначалник на Општина Богданци, во периодот од 17.05.2021 до 15.06.2021 година по претходно спроведена јавна набавка и договор склучен со најповолен економски оператор, со средства од буџетот на Општина Богданци извршил изградба и реконструкција - поставување на бехатон на КП 9458 КО Богданци која е во приватна сопственост, без да се спроведе постапка за експропријација, на начин што свесно оваа парцела ја прикажал како дел од улица "Крсте Мисирков" во Богданци бидејќи за истата нема и не може да има соодветна дозвола за градба и на тој начин спротивно на ДУП на Општина Богданци, спротивно на Закон за експропријација и без соодветна дозвола за градење , со буџетски средства бесправно е изградена приватна КП 9458 КО Богданци, во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на општината.

Второпријавената вработена на работно место помлад соработник - урбанистички планер во Одделение за урбанизам и градежништво во Општина Богданци со овластување дадено од првопријавениот, задолжена како одговорно лице за следење на текот на постапката за изградба и реконструкција на улици на територија на Општина Богданци, иако била должна да знае дека наведената КП е во приватна сопственост, дека согласно ДУП за Општина Богданци на истата не може да се вршат градежни активности, бидејќи нема соодветна дозвола за тоа и не е спроведена постапка за експропријација, сепак го пропуштила надзорот кој била должна да го спроведе со несовесно постапување во вршење на своите законски овластувања и во ниту еден момент не реагирала на незаконските постапки со што овозможила бесправно со буџетски средства да се изгради приватна парцела КП 9458 за КО Богданци во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на Општина Богданци.

Со горенаведеното првопријавениот сторил кривично дело "Злоупотреба на службена положба и овластување" и "Бесправно градење", а второпријавената сторила кривично дело "Несовесно постапување во службата", објави на ФБ министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Некој во Словенија заборавил да земе 1.500 евра од банкомат, жена направи убав гест

Некој во Словенија заборавил да извади 1.500 евра на банкомат, што се гледа на фотографијата.

Жена ги пронашла парите во улицата „Сорерјева“ на банкоматот на банката, ги фотографирала и ги однела во Полициската станица „Шишка“ во Љубљана, каде се уште се наоѓаат парите, пренесува порталот GPMaljevac.COM.

Медиумите пишуваат дека вистинскиот сопственик на парите кој заборавил да ги земе од банкомат може да се обрати во полициската станица Шишка и со извод од банка да докаже дека парите се негови.

Парите се во вистински раце, сопственикот треба да докаже дека парите се негови, а доколку успее, припадниците на полициската станица Шишка ќе му ги вратат пронајдените пари.

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово.

„Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите”, истакна Спасовски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер