Србија и Косово нема да играат во квалификациите за ЕП 2020

Ждребот за квалификациите за Европското првенство 2020 ќе се одржи на 2 декември во Даблин. Европската куќа на фудбалот денеска утврди кои тимови нема да бидат во иста група. Србија и Косово сигурно нема да бидат во иста група.

Европското првенство ќе се одигра по првпат во девет земји, а УЕФА одлучи кои репрезентации нема да може да се сретнат во квалификациите, поради нарушените односи и големите тензии кои тие натпревари може да ги донесат.

Репрезентацијата на Србија нема да биде во групата со Косово, а со овој тим нема да може да се сретне ни националниот тим на Босна и Херцеговина.

Покрај овие натпревари, не се можни ниту средбите меѓу Украина и Русија, Гибралтар и Шпанија, како ни дуел на Ерменија и Азербејџан.

Неработна среда – како скопјани го минуваат изборниот ден?

Граѓаните денеска освен за искористување на правото на глас, убавото време и слободниот ден го минуваат и на прошетка и ги наполнија локалите.

По Владината одлука изборните денови да бидат неработни, Канал 5 направи обиколка низ градот, па денеска може да се забележи дека работат само локалите и трговските центри. За останатите, од ДПИ најавија засилени иснпекциски контроли во текот на денот, но засега како што велат, не се забележани прекршоци.

Најголемиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека веќе го искористиле своето право на глас, а остатокот на денот ќе го минат на прошетка и во исчекување на резултатите од гласањето.

- Веќе го искористивме правото на глас и остатокот од денот ќе го поминеме празнично дома и ќе ги следиме резултатите.

- Добро ќе поминеме со другарите ќе седнеме ќе пиеме по едно кафе, па ќе гласаме најдобриот нека победи.

- Да, го искористив своето право на глас, бев да гласам и денеска убаво времето малку на прошетка.

-Гласавме, денот е добар и ќе чекаме сега кој ќе победи.

Во ден без отворени супермаркети, пазарџиите денеска со полни раце работа. Со оглед на тоа што не работат трговците, граѓаните ги наполнија пазарите.

- Има раздвиженост, од гласање доаѓаат на пазар си пазаруваат луѓето и така добро е не е лошо.

- Ние работиме во сите денови без разлика што денеска е неработен ден, раздвиженоста е поголема од другите денови, значи забележително, сега дали ќе биде до крајот на денот така или ке се скрши работата, но има раздвиженост меѓу грѓаните.

Токму за одлуката изборните денови да бидат неработни, реагираа од бизнис заедницата објаснувајќи дека таа негативно ќе се одрази кон бизнисот и дека фирмите ќе претрпат загуби.

Акција против шверцери на илегални мигранти во БиХ

Активностите се спроведуваат на подрачјето на Унско-санскиот, Зеничко-добојскиот и Сараевскиот кантон.

Обвинителството на Босна и Херцеговина и Државната гранична полиција спроведуваат акција на повеќе локации во БиХ во борба против организираниот шверц на повеќе од шестотини илегални мигранти, меѓу кои и повеќе од стотина малолетници, соопшти денеска Државното обвинителство.

„Целта на акцијата со кодно име 'Пирамида' се неколку лица за кои постои сомнеж дека како членови на меѓународна организирана криминална група подолг период шверцувале или се обиделе да прошверцуваат повеќе од 600 лица, меѓу кои и повеќе од стотина малолетници, се заради стекнување лична материјална корист во големи износи“, се наведува во соопштението на Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Активностите се спроведуваат на подрачјето на Унско-санскиот, Зеничко-добојскиот и Сараевскиот кантон.

Во истрагата, се додава во соопштението, е постигната значајна соработка со МУП на Хрватска и Европол, а Граничната полиција на БиХ е поддржана од Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ (ОБА) и Службата за работи со странци на БиХ. /МИА

Излезноста до 13 часот повисока за четири проценти во однос на изборите пред пет години

Повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5.

Јован Ѓорговски ја има анализата.

Во која насока е трендот од досегашниот одзив на гласачите?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер