Дали смртта на новинарот ќе предизвика раскинување на договорите меѓу САД и Саудиска Арабија?

Дали со тензијата што ја предизвика бруталното убиство на новинарот Џамал Кашоги , државјанин на САД ќе се раскинат и фоговорите меѓу Вашингтон и Ријад вредни милијарди?

Зголемувањето на напнатоста меѓу САД и Саудиска Арабија по бруталното убиство на новинарот на Вашингтон Пост може да ги доведе во прашање договорите за продажба на нафта и оружје вредним илијарди долари , пишуваат американските медиуми.

Претседателот Доналд Трамп упати предупредување до Ријад дека ги чека сериозна казна доколку се докаже дека владини претставници се вмешани во измачувањето и убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Вчера Саудиска Арабија призна дека ниовни државјани се вмешани во убиството , а медиумите јавуваат дека меѓу директните егзекутори се луѓе блиски до престолонаследникот Мохамед ал Салман.

Саудијците пред два дена им се заканија на Американците дека ќе ја зголемат цената на нафтата од сегашните 80 долари по барел на 100 , па дури и 200 долари. Сепак , на глобалната нафтена карта состојбата се смени преку производството на нафта од шкрилци , по што годинава САД го зазеде првото место во светот.

Иако Саудиска Арабија има големо влијание во организацијата ОПЕК , сепак реализацијата на заканите би била како да си пукаат во нога , пишуваат американските медиуми.

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека социјалната апликација „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД, пренесе БТА.

Реј ја објави оваа изјава додека американскиот Конгрес се подготвува да гласа за легислативата за забрана на апликацијата.

-Апликацијата и припаѓа на кинеската компанија ByteDance, која „има обврски кон кинеската влада“, рече Реј во ексклузивно интервју за Ен-би-си Њуз.

-Кога се разгледува моќта, пристапот, технолошките способности и контролата што ги има ТикТок, Американците треба да се запрашаат што мислат за моќта, пристапот, можностите и контролата што ги има компанијата што е сопственик на ТикТок, кинеската влада и, на крајот, кинеските разузнавачки служби, посочува директорот на ФБИ.

Претставничкиот дом на САД во саботата одобри голем пакет помош за Украина, Израел и Тајван. Во рамките на овој пакет е содржан и ултиматумот во врска со „ByteDance“. Се очекува пакетот помош брзо да биде одобрен од Сенатот.

Американските власти тврдат дека ТикТок и овозможува на кинеската влада да шпионира и манипулира 170 милиони корисници во Соединетите држави. /МИА

ДИК: Немаме пријавено поголеми неправилности (во живо)

Прес-конференција на Државната изборна комисија.

Од Државната изборна комисија велат дека досега нема пријавено погоелеми неправилности околу гласањето за првиот круг од претседателските избори. На неколку гласачки места се појавиле мали технички проблеми кои се решаваат во од.

Наредната прес конференција на ДИК е закажана за 13 и 30 часот, кога повторно ќе информираат за текот на гласањето.

Македонија меѓу земјите со најмногу планински области во светот

Бутан, мала јужноазиска земја лоцирана во источните Хималаи, е најпланинската земја во светот, со планини кои покриваат 98,8% од нејзината вкупна површина.

Просечната надморска височина на Бутан е 3.280 метри надморска височина.

На листата следува Таџикистан со 91.9% покриеност со планини, потоа Киргистан со 90.7%, Лесото со 90.5%, Црна Гора со 89.3%, Ерменија со 85.9%.

Македонија е седма на оваа листа со 85.5% планински области, следува Швајцарија со 83.6%, Либан со 81.1% и Непал со 80.7% покриеност со планини.

притисни ентер